2013-02-13

Стојанка у Веро, Братот у Тинекс и по некој купувач





Идам ја така посабајле у маркет по набавка на намирници за дома, ама пошто некако рано, па ни глеам кај идам ни бутур само да завршам работа побрзо.

И влагам ја така у маркет по тренерки пошто нели живеам у аеродром коа у маркет одма БЛОК... Да блок ама не Блок за скицирање број 5 туку луѓе фино дотерани мажите костимосани, а жените во фустани и нашминкани, а ја по тренерки.

И сеа ја влагам у шина од производ до производ и пак одма БЛОК... еден господин застанал во делот за зејтин и ги глеа зејтините кој е најполн за да го одбере нормално, да добие највеќе за парите што треба да ги плати пошо нели такво време дојде.





ОК почекав 3-4 минути и заврши работа чоекот, и ја по него набрзинка земав едно шише и ме подзагледа со еден израз од типот„ц ц ц види го момчево како го грабна зејтинот како да е милијардер, како да не му игра улога дали има 2-3мл повеќе или помалку зејтин во шишето“.

И така ја си продолжив, коа подоле пак БЛОК една госпоѓа заглави на проверка на тврдоќа на јајцата и чистина на таблите во кои седат спакувани, демек неа ли ќе и праат фори со јајцата де имало пукнати, де биле многу нечисти итн. „а бе за мој пари, ја ќе си одберам која табла ќе ја земам“.

3-4 метра подоле пак БЛОК глеам еден господин со рака ги проверува лебовите дали се тазе како да се сите негови у стилу „моиве заби не се створени за бајат леб“ викам лелееееееее аман до лебот ли дојде ама ај викам ќути си да не те нападнат и расшамараат не го руши природниот баланс... J
Ајде си викам у себе сум ја утнал нешто работава ама нема везе, и брзам брзам побргу да завршам работа за да платам на каса и да си бегам дома...

Коа оп на каса пак БЛОК гужва од тројца, е сеа ќе кажеш од кај па овој сеа вика гужва од тројца како може гужва да праат тројца... Е па може госпожата што беше на ред така почна да ја распрашува касиерката како да е инспектор од МВР, како си? Како сте дома? Децата добри ли се? Оздравеа? Маж ти по риба да не е денеска? Некако кисела си ми сабајлево? Касиеркава ми се чини да имаше напалм при рака и да не се идеше у затвор за убиство ќе ја полиеше ама мудро кратко и отсечно си одговори на прашањата како у основно школо.... И така ја слушам позади и пред да пуканам од нервоза заради застојов, поради истиот и се рассонив нели дремејќи во редот... коа шо да видам гужвава и застојов у маркетов ја праеле нашите драги пензионери.

Одеднаш се ми стана јасно!!!

Па нормално бе луѓе кој оди у продавница денеска у 8-9 саат сабајле, плус дотеран у одело од најбољи дани (читај од пред 50 години), и шминка што е тренди (читај од времето на Јованка Броз).
И некако ми олесна пошто у истиот момент ми се склопија коцките и се смирив, го исклучив мозокот за да не се нервирам, пошто нели  традиција си е традиција кога се у прашање пазарните навики. Си дојдов на ред, си платив, си се вратив дома изморен и опуштан како да сум бил пешки до врвот на Водно. И сфатив една гооолема работа!

Заради тоа ги поздравувам пензионерите за нивната живост која ги движи па макар и кога во маркетите се шуњаат без да испазарат ништо (читај додека чекаат да добијат пензија) чисто колку да им пројде време, и на некој начин даваат слика на полни маркети во ниедно време (читај 8 – 9 часот) и ги рассонуваат касиерките кои у задње време ми личат во расположението како водителкиве на утринска програма (за тоа во друга прилика)
Поради се ова се запрашав во колку часот стануваат помладиве генерации? Кое време одат да пазаруваат за дома? Дали тоа воопшто тоа го прават? Дали ги знаат цениве на производиве? По тренерки неуредно како мене ли одат да пазаруваат Jили одат да пазаруваат во истата облека што ја носеле синоќе пошто уопште се немаат пресоблечено за спиење? Итн... J

Затоа ја поздравувам оваа пазарна група која несоменено дава еден шмек во пазарниот сегмент кај нас, со оваа нумера која беше хит во врмето кога беа млади J

А ние ќе се читаме пак! @bratot1








No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...