2013-01-03

Моја или поттикнато од Маите




Биди ништо,
Биди неспокој,
Воздишка и по некое заминување,
Биди стисок во градите од секоја повлечена цигара,
Сите оние утра и ебено механичко бричење,
Подари ја лажната насмевка на сите оние здодевни роднини и пријатели,
лизни се како песокот низ прсти,
Дај да те изгубам...

Биди ноќ и тајна, енигматичен никогаш доволен одговор каде се криеш од денот,

Биди прашање, никогаш одговор,
Биди последица и секоја моја причина,
Биди понекогаш, засекогаш, неуморно, спорадично,
биди само и единствено МОЈА...










3 comments:

  1. Ќе прокоментирав нешто за решението на енигмата во зборовите која е очигледна и видлива само за душа ко мојава, но едноставно мислите ми се замрзнаа на ремек делото кое е вклучено подоле во постов...

    Просто воодушевувачки е коку само раскази кажува тоа столче и тој ѕид, па и штекерот. Ги жалам сите тие простоидни читатели кои не можат да го почувствуваат пресвртот кој кулминира некаде на крајот од сижето доловен преку сведоштвата на бродскиот под.

    Впрочем поезијата е само маска за вистинската приказна... да не откривам се.

    OK POZZ

    ReplyDelete
    Replies
    1. Епа ај да се бидиме као некад а?

      Delete
    2. ништо ништо... остаревне. Останува на младеживе да бидат, за нас и така и вака ќе има утре :)

      Delete

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...