Биди ништо,
Биди неспокој,
Воздишка и по некое заминување,
Биди стисок во градите од секоја повлечена цигара,
Сите оние утра и ебено механичко бричење,
Подари ја лажната насмевка на сите оние здодевни роднини и пријатели,
лизни се како песокот низ прсти,
Дај да те изгубам...
Биди ноќ и тајна, енигматичен никогаш доволен одговор каде се криеш од денот,
Биди прашање, никогаш одговор,
Биди последица и секоја моја причина,
Биди понекогаш, засекогаш, неуморно, спорадично,
биди само и единствено МОЈА...
Ќе прокоментирав нешто за решението на енигмата во зборовите која е очигледна и видлива само за душа ко мојава, но едноставно мислите ми се замрзнаа на ремек делото кое е вклучено подоле во постов...
ReplyDeleteПросто воодушевувачки е коку само раскази кажува тоа столче и тој ѕид, па и штекерот. Ги жалам сите тие простоидни читатели кои не можат да го почувствуваат пресвртот кој кулминира некаде на крајот од сижето доловен преку сведоштвата на бродскиот под.
Впрочем поезијата е само маска за вистинската приказна... да не откривам се.
OK POZZ
Епа ај да се бидиме као некад а?
Deleteништо ништо... остаревне. Останува на младеживе да бидат, за нас и така и вака ќе има утре :)
Delete