И ете пак си дојде летото и пак истите приказни од Охриѓанине дека Скопјаните им ја заебале туристичката сезона, демек трубеле наоколу како Охрид бил поскап од Грција и како на овој начин се уривала конкурентноста на Охрид со туристичките места од соседството.
А бе овие имаат ли појма што зборат?? За каква бе конкуренција помеѓу туризам на море и езеро зборат? Или па појма немаат дека таква разлика постои и дека треба да се борат за различни туристи? Па уште ќе коментираат дека цените им биле пониски од сосдните. Е па требаше уште да шиткавте скопско по 4 евра на плажа за да сте комплетни во понудата.
Е мој Охриде Охриде, не научи и не научи како да привлекуваш туристи и секогаш некој друг ти е крив (читај проклетине Скопјани кои најмногу учествуваат во приходите кои ги ствараш низ летото а богами и низ годината) за твојот неуспех...
Не се туристичките агенции тие што треба да се борат за да ги промовираат вашите аранжмани доколку не се барани од нивните клиенти, туку обратно, Вие, таканаречени туристички работници од Охрид сте оние кои треба да се борите да ги има вашите аранжмани во нивните понуди а со тоа и да се борите за туристи, (ако воопшто ги сакате, зашто тоа баш у пракса и не го покажувате најдобро) е така се прави тоа да си знаете.
Викаат секој учи од грешките, ама вие Ориѓани некако тешко учите или па скраја да е, не ви се учи нешто многу многу, а?
ногу генерализираш :)
ReplyDeleteНего дури сме на темава, „проструи“ еден добар виц на твитеро:
ReplyDeleteОхридски џандар: море скопјанчишта, за две иљади ќе се удајте со тоа појасите