Копачите
- Пред да почнете да читате препорачливо е да кликнете на линков
- Се к'ти ноќта црна!
- Се рути карпа - мрак!
- И петли в село пеат
- и зората се зори –
- над карпа в крв се пие
- и темнината пие
- силно
- светнал
- ден!
- Пробудете се морни
- копачки и копачи –
- на трудот
- црн
- народ!
- Со мотика на рамо
- за корка сува леб,
- по патиштата стрмни,
- по полињата paмни,
- у вивналиов ден
- да тprнeмe и ние
- страдалници од век!
- На деда Богoмил
- земjата poвка, мека,
- наба6рена за poд,
- со страдна душа чека
- ударите ни jаки
- со мотиките остри
- по троскот
- пелин
- трат!
- На работа!
- На труд!
- Да прокопаме меко
- полињата родни
- афион, тутун, житце
- да родат благородни.
- И по кривите вади
- да пропуштиме води
- за оризите млади
- и зелени лободи.
- На работа!
- На труд!
- Да роди род богат!
- Да бликне живот млад!
- На пепел троскот, пелин
- во огин пламен jад!
- Жилите да пуштат
- корења длабоко
- плодови да бликнат
- високо, високо
- слободно
- на воздух!
- Ораме со рало
- но земjата ни златна
- колку е богата!
- На пепел троскот, пелин!
- Во огин пламен јaд!
- Да престане, да снема
- тагата голема
- за голиот живот
- на човек
- станал –
- скот.
- И в тaјa мугра пресна
- да екне дружна песна
- на дружните удари –
- та биjат срца млади
- и растат силно гради
- пребликнати со јaд!
- Од сички маки тешки
- не видовме бел ден,
- а од солзи жешки
- не стануе меден
- нашиот живот!
- На работа!
- На труд!
- Та не сме саде ние
- та не сме саде тука –
- ние сме по цел свет
- безброjни
- милиони
- на трудот
- црн –
- народ!
- Да биде честит денот
- и првата ни стапка
- у првиот ни век!
- Ќе мине силен ек
- ќе б'сне сонце златно –
- по секаде на светот
- ќе згине срамно гнетот -
- ке л'сне живот нов!
- И реки ќе потечат,
- и бреме ќе одвлечат
- на вековита смрт!
- Реките од живи
- и пробудени сили
- на копачи
- копачки
- и страдни
- голи
- гладни
- по целата земjа!
- Се к'ти ноќта црна!
- Се рути карпа - мрак!
- И петли в село пеат
- и зората се зори –
- над карпа в крв се мие
- и темнината пие
- силно
- светнал
- ден!
- Превземено од WikiBooksMK
- Кочо е многу јак...
- Сајт на денот е инаку овој
No comments:
Post a Comment