Секогаш ама секогаш кога некој се обидувал да објасни што е тоа блог почнувал со тоа дека нема едноставна дефиниција. Има само стандардни функционалности и форма на функционирање. Па ако е така, а така е, зашто да не ги испомешаме малку дефнициите дополнително и да не додадам една функционалност на блогот?
Епа од денес покрај тоа што ќе може да си гласате за дали сакате марихуаната да се легализира во Македонија или не, покрај што ќе може да читате глупости кои ми се чинат интересни, ќе може ете и да си резервирате маса во Калдрма.
Правилата ако може воопшто така да се наречат се објаснети во делот на Резервации.
Е сега зашто би резервирале? Покрај тоа што намалува трошоци, телефони, смс и тн, покрај тоа што го отфрла непријатното чувство на дали има дали нема место, ќе ме пуштат ли, гарант најубавата маса е фатена џабе идам, ќе има уште еден мотив.
Секој што ќе резервира маса, ќе си добие 10% попуст на целокупната сметка.
Така да слободно користете ја следната фунционалност и се надевам набрзо ќе ги има уште повеќе „кафулиња“ да зжустриме малку СКОПСКА СИТУАЦИЈА.
No comments:
Post a Comment