2010-12-20

Каде за Нова година?

Декларативно изјавувам дека нема да одговорам на прашањето :
„Каде за Нова година?“

Одговорот нема да го слушнат ниту на најбиските, ниту авторитетите.
Тоа прашање за мене е толку несуштинко, исто како што се идиотски и прашањата: „Шеташе ли некаде викендов?“ и „Што има ново кај тебе?“.

Дочек / Пречек/ Чекање на Новата година. ...Славење побогу!?!
Не , јас навистина не разбирам. Дочекот го поврзувам на пример со пријател што треба да го соберам од аеродром, што доаѓа кај мене и кај Скопје во посета. Или чекање за мене е дремење на шалтер или пред банкомат да завршам некоја банкарска трансакција. Пречек е спремање на мезе за блиски гости што дошле на релаксиран муабет да се видиме по дома.
Ама да чекам/пречекувам/дочекувам Нова година? ?? Славам??? И тоа да го правам по дифолт на секои 12 месеци?? Ват д фак.
Зошто годината да е форсирана, а месецот, денот, часот да не се во игра? Зошто да не чекаме месец, ден, час? Или тие се минорни, немаат важност за нас како што има една цела година.
Јас на пример, повеќе почитувам да го пречекам месец Март на пример. Тогаш ми даваат бонус. А потоа нормално и ќе славам!!
Или месец Август кога одам на заслужен летен одмор.
Ама да пречекувам цела една година и да замислувам желби за здравје , среќа и благосостојба? Па тие треба да ми се во глава секој ден. А не да ми текне на нив само на 31 декември.
Или онаа... „Нека Новата година донесе мир, здравје, пари, љубов“.... Нема што да донесе годината. Тоа што ќе си надробиш, тоа ќе си сркаш. Тоа што проповедаш, тоа и практикувај го.

Можеби некој текстов ќе го доживее како надркан, ама си викам, Нова година не е посебна личност, не го навредувам ниту Дедо Мраз а ниту некој од политичариве, така да се надевам нема да попијам кривична пријава за клевета или навреда.
Како и да е, јас немам ништо против Новата година. Исто како што немам против легализацијата на марихуаната и абортусот како опција. Само не сакам да ми се поставува прашањето за Нова година.

А денес, планирам да го испратам понеделник и да го пречекам вторник.

Секое добро!

2 comments:

  1. Со повеќе есенција, идеава се кажува во 2 реченици. Вака звучи тапа.

    Поздрав

    ReplyDelete
  2. Со повеќе есенција, идеава се кажува во 2 реченици. Вака звучи тапа.

    Поздрав

    ReplyDelete

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...