2010-11-30

Компјутер


Уште од оној филмот кај што Нео (инаку анаграм од ОНЕ, телефонскиот оператор) им ја искрши кичмата на компјутерите, знаев со сигурност дека ќе дојде ден кога човештвото ќе мора да се обрачуна со компјутерите. Уште сега страв ме фаќа дури го пишувам текстов каков непоштеден рат ќе биде тоа.

Меџутим, еден факт цело време не зимав у предвид у ова мое сценарио, а тоа дека ратот веќе одамна е почнат. Прв го предвиде верувале или не, татко ми.

Еден ден, персоналецот ми прокува конечно во 2009 и реши да го носи кај неговиот пријател што имал фирма за компјутери ( ми се допаѓа овој термин „фирма за компјутери“- ништо не кажува, а сепак кажува се). Излеговме знам заедно и некаде после скалите од влезот јас свртев на една страна тој со компјутерот на друга. Она што следува го дознав од раскажувањето на мајка ми.

Имено, после половина час се враќа татко ми крвав у рацете и искинат у панталоните и уште од врата видно вознемирен извикал:

АБЕ ОВА КОМПЈУТЕРИВЕ ЌЕ НЕ УТЕПААТ !!!

Мангупот сопињање некаде пред влез даање куќиште на земја и да не е штетата поголема со рацете и коленото се праи пуздер од бетонот. Компјутерот никогаш не се дигна од после тоа, ама сведочи и ден денешен кај мене во соба, за војната која веќе отпочна.

Откако се случи ова уште одма едно сабајле станувајќи накај ВЦ го изгазив лап топ-от врз екран и го напраив сол, да се знае кој е уште газда. И тој седи понизно и сведочи за војната со компјутер.

Гледам деновиве телевизија и пак се сведочи дека војната у велико се одвија. Тачи кажуе да апсиме компјутери на ЦИА и ВИкиликс, пошто Коле Дијамантот нешто зборел таму:




Овие од А1 мрчат кај е серверот... Пошто таму била силата...

Али она што дефинитивно ми ги отвори очите дека ратот се одвија со компјутер беше токму овој момак.




Така да ако не ви е јасно уште, зимајте кршете стар компјутер и не се заебаајте. И зимајте нов пошто јасно е, ратот веќе почна - ќе го пукаме со компјутер.


No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...