2010-10-03

Инаку...



Инаку сум ви кажал дека стварно сакам поезија?

Штета што сум еден од оние што Пики Сипи (ака Димитри од Чаир) јавно ги прозва со стиховите:

Ти кутар млад поет со необјавени рими !!!

Можеби да ги објавев ќе бев некое гадно заебано копиле, мадерфакер на македонската современа уметност, што ќе одбиваше да ги прими сите награди кои му се доделуваат, заради својата никогаш нескротена авангардност, неуморното покажување среден прст на секаквата и било каквата систематизација на подобро и полошо и стандардното, можеби секој мој „овердоуз“ ќе беше побитен од 30-те бели бумбари за ставот на премиерот околу Уставниот суд. Можеби до сега ќе имав 4 вонбрачни деца со кучки кои немат поим кој е Бетовен (Буковски стајл) и ќе ме цицаа со алиментации... Можеби, можеби...

А може и првата и сите после неа мои објавени стихозбирки ќе останеа незабележани како пуна пепељара у скопски кафич. И ќе серев на полноќни емисии за како тоа Македонија се уште нема критична маса на читатели и културни, едуцирани елити кои би ја разбрале мојата уметност. И пак ќе имав 4 деца со кучки кои поим немат кој е Бетовен, само што сега НААААА што ќе ме цицаат со алиментации...

But I chose something else !!!

Ете ме гордо чекорам без награда во животот (сем онаа 3 место од 7 одделение по хемија за праење плав камен што ја освоив замисли на ниво на град Скопје). Како и да е, муабетот ми е – кога веќе не пишуем и не објавуем може да ви покажам што сакам да читам. Ова е препевот што успеав да го најдам на македонски и се надевам ќе ве бендиса. Бодлер е и песната се вика:

Мрша

Дали се сеќаваш, душо, беше летно време и, во утрината јасна, на свијок на патот, како на песок да дреме, мрша здогледавме гнасна. Со нозе во воздух, како бесрамница жена, со отров и жар во потта, безгрижно го отвораше мевот горе кренат, полн пареи што се котат. Сончеви зраци ја печеа како што знаат, небаре сакаа, вредно, да го вратат на природата она што таа дамна го споила в едно. Небото гледаше како костурот се крева, небаре пупка се шири, а ти ќе се онесвестеше в трева од толку ужасен мирис. Мувите влегуваа во смрдливата уста од која што чети сиви на ларви како течност истечуваа густа преку парталите живи. Се одеше горе, долу, како бран на брегот светкајќи кај што се дроби, се чинеше трупот дише со некој здив негов, живее в еден нов облик. Оддаваше сето тоа една врева чудна, како ветер среде жито, или зрна што вејач со едноличен удар, ги вее со своето сито. Облаците се бришеа, слично на сон некој, на заборавено платно, што сликарот го завршува, чекор по чекор, низ сеќавањето матно. Зад карпите една кучка, со луто око, ни покажуваше заби, чекајќи момент кога пак ќе може в спокој залакот да си го зграби.

-А сепак ќе бидеш слична на онаа гадост од која црви се гојат, ѕвездо на моите очи, сонце на мојата младост, ангелу и љубов моја!

Да, таква ќе бидеш, кралице на сите чари, штом те опојат со темјан, кога ќе гниеш под треви, меѓу коски стари, долу во ладната земја. Тогаш, убост моја, речи му на црвот гладен, со бакнежи што ќе те рие, дека ги чувам битоста и обликот заден, на моите љубови в гниеж!

Ако сака некој слободно нека пише свој коментар мене ми е Бодлер секогаш доволен сам по себе.

5 comments:

  1. Еве еден коментар - направи си мирор блог на blog.mk

    ReplyDelete
  2. Па имам :) http://aerodromskison.blog.mk/

    ReplyDelete
  3. Поддршка даваш, а? :) Арно, само мене омилен поет ми е Едгар. Има нешто магично во човек кој умира од премрзнување, пијан, во ендек. ;)

    ReplyDelete
  4. Да си кажам и јас бе мнението :) инаку една песна му знам само и тој еден истрипан роман кога патувал јунакот сам на брод и на крај се бело му се сторило.

    ReplyDelete
  5. Една песна? :D Треба да те едуцирам на темава. ;)

    „Авантурите на Артур Гордон Пим“ е лудница. Кога ја објавил, сите добиле впечаток дека е вистинска приказна. Лудак! :))))

    ReplyDelete

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...