2010-04-22

Социјалните мрежи еден Mashable осврт

89% од содржината на Buzz е автоматизирана!!!

Што се случува со Buzz, користи ли воопшто некој од вас? Јас ја имам на телефон, ја симнав како апликација и факт е дека ептен ретко ја отварам. Интересно е дека може да се поврзе со Twitter акаунтот и да дава feed од таму, може да се поврзе и со Google Reader и неколку други
НО!!!
Статистиката покажува дека заради тоа нешто помалку од 90% - поточно 89% од содржините се автоматски генерирани, во најголем дел од Twitter (Facebook не е вклучен). Додајте на тоа дека, нешто над 20 % од содржините на Twitter се генерирани од ботови и доаѓаме до голем обем на содржина кој дури не е ни рачно генериран. Што значи тоа???
Дека содржината едноставно не се генерира од Buzz и уште помалку од луѓето таму, дали тоа значи неуспех? Нека му ја мисли Гугл. Се прашувам само ако можеше да се вклучи и Facebook, на што ли ќе изгледаше Buzz?

Значи малку луѓе, а полно пајаци.

Истовремено еве некои бројки исто така симнати од Mashable.com за социјалните мрежи:





Извор: mashable.com

Едноставно, кај беа најголеми Facebook, па уште задржуваат и континуитет на растење. Времето на социјалните мрежи одамна е меѓу нас, ова сега е да видиме на кај ќе ја фатат сега...

Еден од најинтересните сегменти е поврзан со Twitter (мене лично далеку поомилена мрежа, но кој сум јас да судам, кога 350 милиони мислат поинаку нели, наспроти 150 на Twitter). Имено во соработка со HP спроведено е истражување за примената на оваа мрежа во предвидувањето. 


Значи се зема како параметар заработката на Box office – от во САД, на филмовите и врз основа на она што луѓето објавуваат, позитивни негативни импресии, мислења - преку нивните твитови, URL, RT и тн. и со користење на одредени формули се врши проценка на успешноста на филмот на Box Office-от. Она што е страшно фасцинантно е дека работи подобро од досега најдобриот индекс, за вакви предвидувања – HSXкој пак работи со точност и над 80% (со 82% точност предвидува кои ќе бидат номинациите на Оскарите и дури 88% од освојувачите на Оскари). 

Е сега ако ова звучи фасцинантно Twitter can do even better, односно предвидувањата се за 1 – 2 процентни поени, поточни од оние на HSX. Она што е интересно кај Twitter е што го има и моментот на сентимент, кој одеднаш станува „мерлив“. Односно врз основа на позитивните критики на филм кој веќе се емитува може да добие дополнителен моментум, врз основа на тоа дали и колку филмот се препорачува - школски пример за мерење на “word of mouth” маркетинг. И како сето ова би се одразило дополнително на претходно утврдените предвидувања, значи од недела во недела, како ќе оди заработувачката.

Е сега дали се 1-2% малку???
Земете филм кој заработува 200 милиони дали му е битна 2% поточна информација? И сами пресметајте колку милиони се тоа, ако не се лажам 4... Воопшто не така малку, нели?

Што вели HP за сево ова??? Тоа е уште пофасцинантно:

Додека на ова истражување се фокусиравме на проблемот на предвидување на приходите од филмовите заради чистата метрика при споредувањето со другите методи, овој метод може исто така да се прошири на мноштво од теми, од идните рејтинзи на производи, па се до изборни резултати. На подлабоко ниво, оваа работа покажува како социјалната мрежа покажува социјална мудрост, која кога ќе се „чуе’ правилно, може да претставува екстремно моќен и точен индикатор на идните исходи.


Епа Тони Блер кај си на Твитер? Е да... Го има :) Добар твит :)... Чекај Гордон Браун да да... добар твит нема што... Епа ајде како тоа го прави и Даунинг стрит и доста твитање мислам...


Ееее, а требаше слобода да значат ...
HP Research

5 comments:

  1. Млад господине Marshable.com е за респект, и погледни ја анализата на кои денови Facebook.com го надминал google.com! и што луѓето предвидуваат за понатаму :)))

    ReplyDelete
  2. Google ??? Gmail мислиш? А мислам дека пред некој ден воопшто и по број на срчови го помина и големиот Гугл... Ама непроверена информација е тоа... Стик ту вот ју ноу нели?! :)

    ReplyDelete
  3. Не млад господине не мислам на gmail туку на пребарувачката машина!!!! и далеку од непроверена!!!! и немој да бидеш толку самобендисан дека ју ноу евритинг анд ју аре тхе бест!

    бај тхе веј погледни го оваој линк:
    http://mashable.com/2010/04/22/facebook-me/

    ReplyDelete
  4. Sakav da kazam neznam kaj procitav i neam link da go potkrepam toa tvrdenje i duri i go imav vmetnato u tekstot ama go izvadiv za da ne bide iam cueno rabotava... Inaku bas mi e drago znalci ako imaat vreme da citnat sto iam pisano... Jes da se mi vrti deka me znaes i cisto radi drugarska baza me citas ama mi laska sekako :)) pozdrav fala za linkot

    ReplyDelete

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...