Еве ме поднакапан од сојин оцет на маичка без ракави, угоен видно, што ради одморот, што ради тоа што стварно добро готви девојка ми (морав да го пишам ради тоа што не сакам да сменам релејшншип статус на фејсбук) и одеднаш читам дека другар ми не го пуштиле у Балет.
Не не на балет, у Балет.
Ми текнува одма на времето кога мене не ме пуштаа у Балет :)
Со истата оваа девојка, енкшнт хистори е муабетов, ама ете ме мене тогаш, ја тегнам вратата на Баљо и тогаш стоеше на врата Зоки, не Панкер, ами Зоки што после едно време возеше такси. Едно од оние со REMUS налепница на задња шофершајбна.
И тегнам врата и овој ми вика оној муабетот ПРИВАТНА ЗАБАВА. И сеа викам чекај бе со малава ово оно дај НЕ МЕ ЈЕБИ.
Ти бе слушаш ли? Ај пуштај вратата !!!
Ме грабна драгава моја за рака и вика ајде нема врска, НЕ СИ ШУПАК, па и ти што ако не те пуштаат у Балет.
Ме интересира што праи сеа баш Зоки со законов за таксистиве?
Ќе вози ли на диво, дали е у некое од овие поголемиве такси компании, можда е оженет, па има нормална работа најдено. Полиција, Шкорпиони, Алфи... Сепак тоа е Зоки, уште една урбана скопска приказна која никој, па дури ни јас нема да одвојам време да ја раскажам.
Муабетот ми беше колку е сега се поразлично, а сепак пак некако исто?
Што ни напраија ова компјутериве, мобилните и уште повеќе Интернетов, колку не сменија, а сепак колку некои работи сепак останаа исти?
Порано не те пуштаат, виткаш капата наназад ако си пијан и е касно, цепаш дома, ако тоа не е случај идеш на некоја клупа се докусуруеш и пак си идеш дома, осим оние специјални вечери коа, случајно на улица ќе ти се посреќи да сретнеш некое „чедо божје“ да те удоми.
А сеа неее... Ви текнува дека порано кога излегоа мобилните, коа не те пуштаат на врата, ти искачаш надвор (читај понастрана), често издрпан од тегнење и викаш сеа ќе свртам 2-3 телефона. И вртиш... И ако знаеш некоја другарка внатре, па и ако ти крене и обајснуеш ситуација... Па искача она па го моли овој на врата таква полупијана, ај бе плиз роденден славиме внатре хепи ово оно и ќе му скурчи на овој и ќе те пушти.
Као јеботе да си влегол на TEDxSkopje без покана !!!
Денес ако не те пушти моеш да свртиш 2-3 телефона, моеш хејт на фејсбук да удриш преку статус, моеш група да напраиш, моеш на Твитер да замараш, моеш јебена Точи да ја викнеш прилог да сними за една ноторна пијаница како не може да си ги задоволи своите основни права на доалкохолизирање.
Па моеш и невладина да основаш соросоид што повремено ќе ја поврзува ситуацијава со скопските кафичи со плоштадот и слабиот принос на пченицата годинава...
ДЕМОКРАТИЈА ЈЕБОТЕ !!!
Абе порано у Колосеум памтам, чекаме копиљана пред врата и као се гураме и му викаат на едно дете НЕ МОЖЕ У ПАТИКИ. И детево тажно се врти назад и изустува де бе макс се од 200 марки... И тогаш Колосеум зимско беше у Дом на градежници сегашна Хавана и најзаебаниот вратар УВЕК стоеше најгоре на скаличките.
И као што изустува детево не ни докажа 200 марки, овој ги имаше прерипано веќе скалите и му опали една таква шамарчуга што детево ја замрзи цела Немачка. И се врти нервозно вратаров и вика ОН НА МЕНЕ 200 марки.
Ме интересира кај е тој вратар - сигурно е 6 Управа, се бави со „државнички“ работи.
Отиде у курац работава јас да ви кажам, секој вратар у градов што има пратено минимум 10 души у болница е денес висок „функционер“ или лично обезбедување. И што е потажно од секогаш било така.
Недела дена пред Нова Година лани, во истото Балет не не пуштија 30 души од работа колеги, зашто бевме дотерани во стилот на 80-те.
И тогаш разлогот беше ВИДИ ГИ БЕ КАКО СЕ ОБЛЕЧЕНИ.
И сега мајко му, 30 едуцирани лабаво и смешно дотерани колеги, вратар у Балет одлучува да не ги пушти дека се ЛОШО ОБЛЕЧЕНИ.
Па што се замишља бе он кој е??? ЦАЦИ ПАКОВ(ф)СКА???
Едно е јасно ќе ни треба време, ама мора да ја земеме моќта назад кај обичниот народ, доста од насилници, обезбедувачи, вратари, хулигани и сличен калибар фраери.
За сега само ќе заклучам СКОПСКА СИТУАЦИЈА како и до сега останува ЗАГРИЖУВАЧКА.