Тукушто ја видов ноќната светилка драга,
Онаа истата светна денеска како кога беше нашето сонце,
Ти текнува ли и' реков на нашите допири,
Не' памети ми рече и сите оние градови во кои никогаш не отидовме,
Кан ми рече никогаш не го сакавте, Ница беше секогаш некако поромантична,
Молчам вели, никому не кажувам за ноќите исполнети со фантазии и страст...
Се насмевнав срамежливо и реков,
Тебе барем ти е лесно, никогаш не ја помириса...
Па зарем требаше и беше малку што бев токму вашето сонце?
Ете ја таму моја драга се уште молкум стои, никому не кажува вели,
Не не' издала тврди ниту на оние кои го раскопаа нашето место и направија улица...
Ете ја таму го осветлува патот на патниците во ноќта,
Ми го осветли и мене, затоа што се' што остана од нас е само овој патник во ноќта...
Каде сега, ме праша на заминување,
Понатаму реков, уште тоа ми остана... Да продолжам понатаму...
No comments:
Post a Comment