2010-05-10

За тексас холдем-от



Тексас Холдем ти е брат игра у која не тепа секад најбољиот и ради тоа е јако популарна у светот, па следствено и кај нас. Што има да зборам сеа за ова ќе си речете, ама ете едно, дека грото имаат разбрано за ова чудо од игра преку Фејсбук, а и второ ради тоа што е страшно популарна у Скопје.





Уствари играва е толку популарна што, ако не знаете за неа и више не ја играте у друштво ондак сте тешки шупаци сите до еден у друштво или пак ти си тежок шупак, па не те викаат другарите коа играат. Играта као игра се состои од следниве правила у глобала:

Тексас холдем е варијација на стандардната игра со карти наречена покер. Играта се состои од две карти кои се делат со лицето надолу кон секој играч и потоа 5 заеднички карти кои се делат од страна на дилерот – серија од три (“the flop” – понатаму во текстот флоп) потоа две дополнителни карти (“the turn” понатаму во текстот трн и “the river” понатаму во текстот ривер), со опција за играчите на направат чек, бет (да се обложат или ти „покачуем“) и фолд (да се откажат или „ај у курац не иде карта“) после секое делење на пример покачуењето може да биде пред флопот, на флопот, на трнот и на риверот. Кој сака да прочита повеќе за правилата и историјатот тука.

Е сега оваа игра ти е класично скопска игра пошто бе брат преку неа се глеа дали и колкаи муда има скопскиот шизик... Остали шизици у глобала откачуваат на биљот... Што и не е толку лоша игра, али, па и не е овака шизичка...



Прва работа што захтева оваа игра е да имаш другар у екипа што е гајба... МНООООГУ битна работа... Глуп филм е да се убутуете кај тебе у соба и да пушите цигари и да „коцкате“, а твоите у дневна да гледаат Шехерезад. Башка после ќе ти мириса креветот на цигари цела вечер и нема да моеш да спиеш и во највеќето случаи е лимитиран степенот на точење алкохол (што е тешко срање – јебеш покер без виски).



Значи доаѓаме до втора битна ствар у Тексас холдем покер – Виски. Ред е секоја вечер (ова инаку е еднаш неделно – зависи у која фаза на зависност се шизиците) различен чоек да носи виски... Остали шизици се задужени за остали ствари, као ф’стаци, бадеми, (лед иде увек од домаќинот) и кока кола е ствар на договор. (Коа ќе размислам изглеа оваа недела мене ми е редот да купам виски- упс).



Трето правило – тој ден нема пушење тапа цигари као Вест, нешто Бос, брат се знае, Малборо си е стандард... Бело меко... Кроз цигара го загледуеш, па гледаш у карти, па пак го загледуеш, испушташ дим... И поставуеш реторичко питање као - ПОКАЧУЕШ А??? Да не те осети дека си муљ у карта е многу битно долго да го задржиш димот.

Четврто правило и многу битно зашто играта зема се поголем замав особено меѓу шизиците ти е бе брат тоа што на тексас холдем нема носење женска... Се знае и кажуеш на малата хеј - итс покер најт и чао... Значи коа има финале на лига на шампиони смее да замара со другари у „каплс“ да ја глеате утакмицата, коа има финале на евровизија смее да те м’кне да ја глеаш, чак шта више има бе брат и шизици што ради цури глеадаат и Ѓумуш (и после у канцеларија си ја раскажуваат со колешките задња недела што се десило – као што бев сведок пред 5 минути)... Фала богу не ми се у друштво...



Како и да е, муабетот ми беше, она све може коа сака да ти праи, али коа е тексас холдем најт нема што да ти дискутира.



Јаки шизици на тексас знаат така јако да фолираат да им фолдираш без да знаеш и сам зашто... После тоа увек, ама увек, се покажуе картата со која што си го исфолдирал и исфолирал јадникот... Како би добил психолошка предност во наредните рејзови... После тоа јадникот нема муда баш така да влага со тебе на рејз и ќе си вика овој пак фолира и имаш шанса да го исчадиш со јака карта...



За тип на играчи коа сме више на објаснуење треба да се спомнат и оние у кои спаѓам јас, што у први 2 раце гарант барем еднаш влагаат ОЛ ИН. После или си чип лидер и се смееш задоволно или ги замараш да им бидеш дилер осталите играчи... Како и да е, добитна комбинација ти е секако…



Многу битен совет: Коа губиш иди у ВЦ (има мангупи што наводно и плача, але непроверен факат е тоа)... Како и да е, тоа е згоден моменат да напраиш муабет со своето алтер его и да си ги собереш срањата – pull your shit together... После ова миење раце ОБАВЕЗНО и заплакнување...

Има и пар непишани правила као:

Немој да се очукуеш - пошто ќе праиш глупости - иако искрено кај нас у екипа не функционира баш ова правило...



Друго правило е немој да се излетуеш у први две раце да изгубиш све, иако како што претходно спомнав кај нас и ова правило не функционира баш...



Уште едно е правило е коа фолираш увек, ама увек изглеај несериозно... Ова правило максимално се упражњаа на наши маси и никад не се знае ни кој води ни кој тера... Што е и фактички смислата на Тексас холдемот, да ги држиш у неизвесност, па макар и по цена и сам да не знаеш што праиш...



Ова ви е доста за почетник што треба да знаете... Значи збирај екипата (осим ако не си некоја шупачина без другари) и тепајте холдем и пишујте коментари, у стилу брат не знаеш каква партија сум им земал со бофал карта, леле што им праам етц гтц мпц...

1 comment:

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...