2012-03-03

Туторијал









Здраво на сите, овој пост е посветен на http://blogirame.mk/ за и околу идејата!

Односно нема многу да ве гњавам што и како, туку ќе ви кажам дека е тоа агрегатор на блогови, замислата е на едно место да ги имаме сите блогови, со цел полесно да се стигнува до тие содржини. Доколку сакате да го пријавите, пријавувањето оди лесно и едноставно потребно е да се даде меил за контакт и адресата на вашиот блог и нормално да се согласите со фамозниот блогерски манифест. Копчето доколку не сте го приметиле се наоѓа моментално долу лево на страницата.

Е сега зашто го нареков токму туторијал е да ви појаснам некои работи околу неговото функционирање. Бидејќи моментално се работи на негов редизајн можеби ќе се промени изгледот, но принципот на функционирање ќе остане ист. Имено блоговите кои се највеќе пати кликнати ќе се качуваат во делот кај најпопуларни, тоа ќе се дели понатаму преку даден алгоритам со деновите на постот и врз основа на тоа се врши рангирање на популарноста на постот.

Она што е најбитно и за што апелирам на еден начин е, да си вршите споделување на фејсбук и твитер преку самиот агрегатор, бидејќи на тој начин, и покрај тоа што редиректира директно кај вас на блог, сепак го брои кликот и на самиот агрегатор, со што се зголемува популарноста на самиот пост и можноста да биде се повеќе и повеќе читан.

Можеби звучи утопистички, но навистина заедно сме посилни и заедно можеме повеќе да придонесеме нашиот глас да биде слушнат. Со новите подобрувања во дизајнот и функционалности ќе се овозможи поголема прегледност и полесно стигнување согласно вашите преференци до содржините кои ги сакате. Преку логирање, преку срч и преку надалеку познатото ЕХО .

Така да самите читатели и блогери ќе имаат многу поедноставен начин да ја споделат својата содржина и да дојдат до саканата. Проектот оди супер, благодарност до сите за поддршката, користете го сервисот, пријавувајте блогови, пишувајте постови, споделувајте ги преку http://blogirame.mk/ затоа што е време за убави нешта кои допрва ќе се случуваат, затоа што заедно сме сила заедно сме моќ.

Заборавив да појаснам во врска со категориите. Моментално работи врз основа на алгоритам, каде претходно се внесени одредени клучни зборови врзани за категоријата, при што доколку ги пронајде системот, врз основа на тоа го категоризира во соодветната категорија. Моментално е ограничен бројот на зборови кои се внесени, заради што и системот се уште не функционира во целост и се чести категоризирањата во сосема друга категорија. Тоа со тек на време нормално ќе се подобрува и системот ќе биде се попрецизен и попрецизен. Сепак, она што во моментот може самите блогери да го направат е во labels или tags во самиот пост, зависи од платформата, да наведат категорија во која сакаат да оди постот и системот ја зема таа како најрелевантна информација. За да се избегне спам, ограничено е на една категорија, така да choose wisely :)

Може да си ставите на своите блогови и банери од блогираме логото може да го преземете на следниот линк. Или доколку сакате да кажете на другите може и преку следното копче...


Контактите набрзо ќе бидат достапни и преку самата страница, во меѓувреме може да контактирате преку @blogirame , контакт формата на овој блог или пак на следните блогови:



Може и на страницата на https://www.facebook.com/makblog

Така да се читаме и ве очекуваме со вашите критики, предлози, поплаки.

И ЈАС БЛОГИРАМ!

Поздрав






11 comments:

  1. Многу добро интро, ми појасни многу работи што ми беа матни.
    И јас блогирам.
    Поздрав

    ReplyDelete
    Replies
    1. Искрено се надевам дека навистина се појасни некои работи, бидејќи токму тоа беше и целта. Ти благодарам за коментарот. И јас блогирам. Поздрав

      Delete
  2. Ама ти е еротско ноа Плусни ме погоре woooaaaw

    ReplyDelete
  3. Нема шо јас да ви давам критики, предлози, поплаки... пошто кога веќе еднаш побаравте и си кажав беше начекано на нож (читај тролање :P)

    ReplyDelete
    Replies
    1. Море ќотек за тебе само :) Инаку тимот веќе работи да измисли начин за побрзо фечирање (рефреширање) благодарение токму на твојата конструктивна критика, за што јас барем сум ти неизмерно благодарен.
      Заедно сме сила заедно сме МОЌ!
      Поздрав

      Delete
    2. ARS NON VERBA инаку нема верба. :P

      Delete
  4. Ако дозволиш, три сугестии за сајтот:
    - Првава е техничка: скролот на страничните листи не работи како што се очекува. Не може да се скролира со тркалцето од маусот, а за корисникот не е доволно интуитивно дека треба да го влече скролбарот кој не личи на скролбар, туку на нешто подебела гранична линија. Алтернативно, на врвот и на дното на погледот на листите, може да се постават копчиња - стрелки за скрол кои покажуваат нагоре и надолу. Ух, ваљда објаснив добро што мислам... :)

    - Второ, добро е долната десна листа на блогови кои се опфатени на агрегаторот, да биде подредена по азбучен ред. Вака, тешко се наоѓаат блоговите по име...

    - Трето, тулбарот кој е фиксиран на дното на екранот не работи добро во сите browser-и, особено на таблет-компјутерите (на мојот Ајпед, на пример, се позиционира на сред екран и не може да се мрдне).
    Или ставете копче за исклучување („иксче“) или, можеби подобро, ставете го на врвот на екранот „a la Google“.

    Бонус дрвење за крај: во дизајнот малку е размислувано за рекламни банери, размислете како ќе може елегантно да се вградат банери и на други позиции и со други (стандардни) големини, освен оној на врвот.
    БТЊ, логото има премногу белина (Whitespace) на врвот, што особено визуелно пречи кога ќе се отскролира малку надолу десниот дел на сајтот...

    Со најдобра намера, останувајте со здравје во одличниот проект!

    ReplyDelete
    Replies
    1. Потполно си во право за сите критики. Грото веќе ги воочивме и во наредниот дизајн кој би требало да се пушти во текот на наредната недела ќе се надминат.

      Имено дизајнот е замислен да биде налик твитер фид, со виџети дополнителни лево и десно од тип најпопуларни и слично.

      Тулбарот мислам дека поинаку ќе се реши повторно нешто од твитер налик, сите копчиња да бидат во горниот дел.

      Во однос на пребарувањето на категориите, со логинот (и бирањето блогови, теми и тн по преференци на корисникот) и дополнително со срчот готово и да ќе се елиминира нивната потреба, но секако ќе ги има и мислам дека во дизајнот е предвидено да бидат целосно од горе до доле без скрол.

      Тоа е одличен предлог ако бидат блоговите да одат по некоја логика азбучен ред, моментално се по редослед на пријавување, малку е фрка тука што некои се на латиница пријавени, некои на кирилица, но мислам дека во наредниот дизајн воопшто и ќе ги нема на првата страна, можно е копче да има сите блогови и таму ќе бидат дефинитивно така подредени.

      За логото ќе пренесам веднаш за дизајнерот зашто за тоа воопшто не се разбирам искрено :)

      И последно доаѓаме до омилената тема на тек тимот, оптимизација за мобилни уреди и дури и изработка на апликации. За тоа сум и јас особено возбуден, меѓутоа за тоа потоа!

      Благодарност голема за сугестиите, значи кога ќе дојдат особено од човек што е долго во играта.

      Секое добро!

      Delete
  5. Ова со споделувањево е тапа. Како ќе им речам на оние кои ќе дојдат на блог, чекајте не споделувајте сега од тука... споделете од кај агрегаоторов... По некога логика пред некој да препорача нешто (сподели на FB) треба да го прочита истото. Во моментот на читање се наоѓа на самиот блог а не на агрегаоторот.

    Предлог:

    1. Или не го класицифицирајте бројот на споделувања како многу важен фактор во рангирањето или исфрлете го комплетно.
    2. Овој пологичен ми се гледа: средете технички секој линк кој го има на агрегаторот да го проверувате преку APIто на FB колку пати е споделен на FB. Има и за твитер слични сервиси кои можат да дадат некоја ваква бројка. Зимајте ги тие бројки и според нив раководете се.

    ReplyDelete
    Replies
    1. Рангирањето понатаму е предвидено да се одвива преку „ехо“ за кое ќе постои верувам соодветен виџет и копче и ќе може да се постави на самите блогови. Тоа е предвидено во новиот дизајн.

      Идејата е водена малку од поинаков аспект и дефинитивно ќе се разјасни и верувам слепо што се вика, дека овој начин ќе биде подобар за сите. И за крајните читатели и за блогерите. Ќе се видиме и ќе продискутираме дефинитивно. Баш потрошивме многу време размислувајќи го ова.

      Delete
    2. @darko156 ова второво ми се свиѓа повеќе и го имам размислувано, меѓутоа барам да видам дали може со еден request да се превземат сите статистики за одредена група на линкови зошто отварање нов request на секој 5 минути за секое URL посебно е премногу голем непотребен трансфер, сепак во новата верзија како шо кажа Сотир ќе има и ЕХО ама не е исклучена можноста да се разгледаат API-јата и на ФБ и на Твитер што верувам дека е порелевантен фактор за пресметување на популарност.

      Delete

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...