Епа вака, невладина организација АКТ (твитер профил @ACTMacedonia) по трет пат и оваа година ќе организира турнир, најверојатно и концерт и проекции на филмови за мирот по повод официјалниот Ден на мир, на 21 Септември 2011. Мото на турнирот како и секоја година ќе биде Дај гол за мирот, значи претпоставувате се работи за фудбалски турнир.
Светскиот ден за мирот не бил отсекогаш токму на тој ден, претходно се сметала секоја трета недела од Септември дека ќе треба да има еден ден, без фиксен датум, посветен баш на мирот.
Тој некако „лабав“ однос кон мирот во светот некако не му се допаднал на Џереми Гили и одлучил да ја отпочне својата „борба“. За раните почетоци и неговата инспирација за неговата организација Peace One Day, говори на ова интервју за БиБиСи. Едно друго трето, како што ќе видите во интервјуто ги убедува Обединетите Нации да го усвојат 21 Септември за да биде тој ден и од тогаш почнува ултра успешната приказна за овој ден. За нивните успеси може да прочитате и на нивниот сајт
Така да подготовките почнуваат.... И оваа година во партнерство со Peace One Day, АКТ (кои инаку на страната се заведени дека доаѓаат од Macedonia, можеби за некого најнормална работа да те крсти некој под официјалното име на државата во која живееш, но нас ете баш ни значеше) ќе организира сличен настан.
Macedonia (Skopje)
ACT – (Association for Creative Tactics)
A football tournament was held, which included Macedonian former footballers, (including European Golden Boot winner Darko Pancev), and local celebrities (actors, musicians and TV presenters). There were participants from different ethnic origins all there to promote the message of peace and social cohesion. A concert was also held as Skopje celebrated Peace Day 2010 in grand style!
Поддршката значи е обезбедена и за оваа година, дефинитивно ќе има дружење со некои од македонски фудбалски легенди кои во соработка со Фудбалска Федерација на Р.Македонија, секогаш радо се одзиваат на ваквите покани.
Затоа иницијално би сакал да ве поканам сите пријатели од твитер, фејсбук и останати кои од било која мака го читаат блогот, да земете учество. Неколку идеи ми се на ум, меѓу кои би можело да се направи една екипа фудбалска на мктвитер заедницата, исто така доколку има фирми или поединци кои би сакале исто така да учествуваат може да ме исконтактираат.
СЕКОЈА ИДЕЈА И ПРИДОНЕС ЌЕ БИДАТ ЦЕНЕТИ, така да пишувајте повелете приклучете се!!!
Пред да завршам да објаснам, знам дека можеби не е вистинскиот миг, со оглед на целата ситуација околу #martin и #protesti , но искрено верувам дека сме навистина граѓанско и цивилизирано општество кое ги цени своите придобивки и својата константна борба за подобро утре не треба никако и никогаш да ја прекине или ограничи. Така да, ова ќе биде уште една шанса на вистински начин таа борба да се демонстрира и верувам дека ова нема да биде сфатено поинаку, туку единствено во таа насока.
No comments:
Post a Comment