Значи за да бидеш хипстер мора да имаш барем некое правило кое што е ничие толку уникатно и хип да и самиот го подзабораваш понекогаш, но тој го знаеше тоа, ревносно секој ден се потсетуваше на правилото затоа што знаеше дека после се животот го има научено дека е така подобро, барем за него. Правилото беше едноставно и точно и вечно...
Умот пред се и над се
Заради уште едно не толку уникатно правило не пиеше ракија, НИКОГА6, но на пивото ретко кога му простуваше. Седеше така поназад во шанкот, затоа што остатокот од изалкохолизирани говеда и предложуваа брак на уморената келнерка што ги носеше празните кригли од пиво, тепајќи ракија. Одеднаш почувствува како собата да се осветли, си помисли боже зарем толку сум пијан, го погледна првиот другар до него и знаеше дека барем од него е потрезен и веројатно не е до тоа. Како што одминуваше секоја секунда преплетена со вечност ја дофати нејзината насмевка и сфати дека тоа е едноставно најубавата насмевка која некогаш ги заслепила неговите фејк хипстерски очила.
Уште веднаш знаеше дека мора да се измолкне од гладната глутница пријатели за момент на само со неа. Го направи тоа во делот од секундата истата онаа преплетена со вечност направи пируета, ала Стојко Вранкович во најдобрите денови и се најде пред неа.
Здраво...
Мораше да каже уште нешто, МОРАШЕ... Во позадината сепак ги слушна другарите кои се уште ја задеваа изморената келнерка и ја тераа да им каже колку години има. И како од карлица му излетаа зборовите сами:
А ти колку години имаш...
Повторно таа заслепувачка насмевка му ги замиже очите низ хипстерските фејк очила и си помисли, боже поголема глупост немам лупнато одамна... Но чекај, па таа се смее...
Не ја дослушна убаво колку години има, но убаво го примети нејзиното прашање, а ти? Еј па тој веќе правеше муабет со неа... Веднаш продолжи на духовит начин со разговорот.
Па колку ми даваш...
И тогаш уште посилна светлост и овој пат чекан по глава како да не е доволна нејзината насмевка...
4 - едноставно одговори таа...
Не не ова не беше возможно, зарем не беше доволно што ја има најубавата насмевка, па мораше да ја има и оваа остроумност и извонредна духовитост. Се уште неосвестен од овој „подмолен“ удар на судбината, не сфати дека веќе беше извлечен од кафичот и дури да успее да каже било што понатаму, таа веќе излезе и си тргна по камената патека.
Во кола не прозборе ни збор, влезе дома се пресоблече и легна... Не не е возможно, дека таа постои толку паметна, толку убава, толку мора да биде моја, си рече. Ги извади своите фејк хипстерски очила и продолжи буден да сонува до доцна во ноќта. Умот над се, умот над се, насмевнат продолжи да шепоти...Тоа беше тоа, тој конечно сакаше и како врв на се, се беше согласно правилото.
Сите ликови во приказната се измислени затоа што хипстери едноставно не постојат, особено не со фејк хипстерски очила.
No comments:
Post a Comment