Барав нешто друго и случајно налетав на текстов и ќе го објавам и тука, ако не за друго тогаш од носталгични побуди.
ЕНПЕ премин
Викаат за оние од другите градови дека најубав прериод во животот им се студентските денови. За оние од Скопје пак, во срцето секогаш им остануваат средношколските денови. Една констатација со која дефинитивно се сложувам. Еј во средно беше животот. На 5 метри од полициска станица, у школски позади у Корчагин дување џокла на голем одмор и после стресови кај Душка. Па, кидање у Ве, на пинбал висење уз сендвич со виршли.
Памтам, физика имаше една фора, демек некој да ја раскаже лекцијата од претходниот час. И тој ден, на голем одмор Сале одлучи да го рипне редовниот џоинт на голем одмор и остана у училница, да учи за ЕНПЕ премин. Уговоривме цел клас, никој да не се јавува од тоа бубалиците, коа ќе праша професорката кој ќе ја раскаже претходната лекција. И така, ете го Сале ја финишира беспрекорно научената лекција по ЕНПЕ премин, професорката презадоволна, вика Сале купи ми сандале, ја мора да ти ја попраам оценката, ќе те прашам уште за Втор Њутнов и да ја попрааме.
И тука имаш кочење, потење и до ден денес Сале е прв и једини доброволец кој добил еден на два јавувајќи се како доброволец. Си викам сеа Сале да можеше да и каже на професорката слушај не се договоривме вака!
Да можеше пред да стане Сале као доброволец да му прати професорката СМС со прашање, Сале сакаш да те прашам за ЕНПЕ премин или за Втор Њутнов закон или сакаш и за двете? И Сале да каеше, слушај неам време сеа, се чекам со овие доле на џокла, така да само за ЕНПЕ прашај ме и не туку лудувај коа ќе излезам да одговарам.
Јебеш тоа би ја убило целата забава...
Замисли, од друга страна девојката што ти се свиѓа и од која ти се сече нога дури стоиш на шанк да ти улета со салфетка начкрабана со креон, сакаш ли да ти дадам од прва вечер или сакаш да ме прашаш прво да идеме на кино или и двете? Ова уствари и би било забавно, вака коа ќе подразмислам...
Или му улетуеш на директорот у канцеларија, откако си добил меил од него кој гласи: Сакаш ли да те прашам дали сакаш покачување од 20% или дали сакаш службен лап топ или и двете? Можам ако сакаш и у едно да ги 3таам! И ти као му одговараш, стај ги двете у едно, на тој дома лаптопот му грее многу кулерот, а жена ми нема платено 3 месеци за курс по пилатес!
Или па замислете да би имало вакви работи у Парламент! Прашај ме за ДДВ-то! Не тоа не би било мислам политички коректно. Нели?
No comments:
Post a Comment