2012-04-12

Детонатор у Собрание





Не знам како тоа лето некако претесна ми беше Астрата, не работеше клима, заебано беше обезбеџењето, Лепа беше накурчена пошто ќерка и остана на полагање и некако без мерак укључуеше кредит и се почесто цела екипа знаеше да се распрсне по Астрите по Скопје.



Јебеш га не знам од кај имав кеш, ипак беше одамна, поминуев пред Астра Собрание, меѓу нас позната увек као Собрание нормално. Као рецимо на што би мислел Сафет коа ќе ти каже:

„Вчера остаив 30.000 денари на серија, ебан број не ми дае“ и коа ќе го прашаш: „Каде?“
Коа ќе рече „У Собрание све им ебем“ - ти знаеш дека тој не мисли на Собрание нормално, туку на Астрата спроти Собрание.

Како и да е, шетам ја низ Центар значи и викам дај да збрчам некое илјадарче да ги умножам да се склопи некој генч после, бонка и да се пичи у дискач. И како обично што бива, на крај остануваш со 5 папаци од маало и пола шипка и глупи муабети за дали на Пит Бемвето пошо е задња вуча ќе може да го претрка времето на Докторот на Пантелејмон.

Е ама тој пат ете судбината сакаше поинаку.

Влегов на седмица седеше Ваци и му викам кај си бе главу тибам, тука гушкање бацуење, не сме се виделе уште од средно јеботе. И викам ај што ќе седнам до тебе и викам на цуцата у кабина дај уклучи на 6-ка. Лево на кецот играа некоја екипа Албанци 3-4-ца, десно некое старо чоече газеше на 100 улог и уште некои десетина души беа на другите апарати.
Во другата соба кај рулетот не ни видов кој има што има, што се испостави подоцна ете како ГОООЛЕМА ГРЕШКА.

Си тепаме лагано со Ваци, муабетчиња што е како е, до кај е факс макс и туку некое време се слуша дерење од собата и лупање по рулетот. И низ смеа си викаме нервозно типчево у пичку. И туку нареден спин типчево стварно нервозно почнува да пцуе и да лупа по рулетот и се дере на цел глас. 

„А што ве ебам ја палам Астрава искачајте сите.“ - тие неколку луѓе веројатно што беа во таа соба си го сфатија поозбилно чоекот и пут под нога излегоа. Ама ние останатите некако како уште да не сфативме што е работава и си продолживме со „олимпијадата“ секој во своја дисциплина. И туку влегува во нашата соба некоја људина заебана и вика: „Вие слушате ли бе?“ и улетуење на екипата албанци што играа на кецот пукање шамар на дечкото што го вртеше апаратот и буквално како на филмови се довлечка дечково на стомак до кај мене на 6-ката.

Добра плочка држеа порано Астрите, сеа ги расипаа нешто глеам теписони ставаат.

И туку како што му го пали шамарот, останатите како попчиња пред Велигден изникнавме пред  кабината, девојчето да не исплати кој колку има, за да може чоекот на раат да си ја запали Астрата.

Како денес ми текнуваат погледите на луѓето што не можеа да си се докоцкаат на раат, пошо овај нервозни коцкар се мало узбудио! И крајно непријатно, мислам ај ние бевме копиљаци, ама чоекот што газеше на 100 улог бе!  

И така не исплатија сите во најнепријатниот ред што сум го чекал икад во животот, излеговме со Ваци надвор и ја слушавме „симфонијата“ на нервозниот човек, што очигледно ја свиреше со некое столче по кабината и апаратите. Испушивме по некоја цигара дури не дојде конечно марица и влегоа да го „сослушаат“ проблемот што го имаше незадоволниот корисник.
Ние лека полека се разотидовме секој по своја Астра и денес гледам и си викам:


Е луѓе тоа беше ДЕТОНАТОР и тоа У СРЕД СОБРАНИЕ!



3 comments:

  1. Сафет ќелавиот? "Дај да ти напунам една рука!" - тој Сафет што живее во Астрата?

    ReplyDelete
  2. Sobranie uvek plenelo so prijatni likovi bas me cudi ova so go kazues :P

    ReplyDelete

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...