Од сабајле бев во Рамстор и улетав на еден билборд што ми роди една јазична дубиоза. Интересно е што на пример бев замолен од обезбедувањето да ја избришам сликата од телефон, затоа што не смеело да сликам ебан билборд!"#$!#!$# WTF??? Како и да е, среќа што сум ултра интелигентен и направив 2 фотки, па на типот од обезбеџење без проблем му демонстрирав бришење фотка од телефон :)
Како и да е, не знам ни јас како е точно, ама изгледа некој овде не е во право:
погоди точна цена и освои ги сите производи
и
Значи 2 прашања за вас: Како е правилно? и Зашто не смее да се слика во Рамстор?
Значи луѓето од Рамстор веднаш одговорија на ова мое прашање преку својот твитер профил ми одговорија дека смее да се слика во Рамстор, но нормално дека треба да се следат некои одредени правила, односно истата да се користи единствено за лична употреба... Така да јас фино лепо ќе си ја тргнам од тука фотката и тоа е тоа. Благодарност за нинвниот брз одговор и професионалноста.
@Gragjaninot да се слика смее, но има некои правила и за тоа. Генерално фотографии за лична употреба со вас во центар смеете да правите...
— Ramstore Mall (@RamstoreMall) March 7, 2012
Повторно само пофалби до тимот кој стои позади менаџирањето на Рамстор, а особено на луѓето кои стојат позади нивниот твитер профил. Беа доблесни да ми обезбедат брз одговор и да си признаат сопствената грешка! Ете тоа е драги мои професионализам. Палците горе!!!
@Gragjaninot освоЈ е правилно. Наша грешка, ќе си знаеме и внимаваме за во иднина.
— Ramstore Mall (@RamstoreMall) March 7, 2012
Не смееш да сликаш во рамстор дека имаш мила фаца, а за другото, "и" оди кај множина "ј" кај еднина.
ReplyDeleteосвои - 5000 денари, X производи, бродови...
освој - награда, ајПон, целуларка...
Не си во правооо ња ња ња њаааааа!!!
DeleteЗначи сите се у право :)
ReplyDeleteМуабетов...Дали ебеш и зошто не?!? #сале :)
ReplyDeleteСериозно не знам... И се уште ми мути памет... Се ми е јасно, едино јогуртот ми мути памет :)
DeleteА кои се последиците ако објавиш фотографија од Рамстор? Нема да те пуштат нареден пат да влезеш?
ReplyDeleteИ дали на влезот на Рамстор стои предупредување: „Забрането сликање“, односно нешто во стил „не влегувајте овде ако имате намера да фотографирате“?
ReplyDeleteПа немаше знак, не видов. Веројатно би требало да размислат да го назначат тоа!
DeleteОд кога не смее да се фотографира? Летово не само што направив куп фотки внатре без никој ништо да ми рече, туку и вработен се согласи да ме фотографира.
ReplyDeleteНе знаев дека не смеело да се слика во Рамстор :S
ReplyDeleteЈас лично досега сум сликал во повеќе наврати.