Во Македонија као што сме нафурани на кладење и срања, мислам дека многу јако поминуваат оние што можат да предвидуваат работи. Ме поттикна на размислување една страшно добра фора на off.net.mk со нивното предвидување за „Што ќе се случи, ќе има ли војна во Македонија, кој стои зад сето ова?“ и следниот линк
И туку ми текна на времето, кога работев во Колосеум. Фин период беше тоа од мојот живот, иако неамбициозен, здебелен, си бев некако искулиран. Занесувајќи се дека сум дел од некоја клупска култура, па овој диџеј пак ли, аман резидент стана више, се притресував со ајнцерот у рука. Па на Ацо Нинџата коа ги замолував 4 девојки да се тргнат понастрана со коњопојот за да може моржот на раат да и’ демонстрира на цурата што ја главеше, како му ја улупал на некој јадник десна у слепоочница.
Па тука работеше и Амати, па секој ден Бамби палачинка со плазма кексче си јадевме со остала екипа со приказни од скопскиот асфалт. За кој на кого му дужи кеш, како му го земал кафичот. Оваа плавата со кого се има идено. Па дали било боље на горниот спрат да работиш или доле у гужвите. Колку пари праат шанкерите у Колосеум, еееј и уште мал милион други приказни...
И така еден ден во гужвите туку го приметив Борис Чавковски со некоја своја пријателка си пиуцкаа си се зезаа. И некаде на пола вечер, излегов кај Попе у гардероба да оладам глаа и да испушам цигара и тука пред вецињата си стоеше Борис и пријателката. Си правевме некој глуп муабет јас гарант кмичев како е многу гужва и не се дише унутра, кога едно време се слушнаа извици и видов само како се прави крукче околу Борис. Веднаш потрчав и туку што да видам, пријателката на Борис маање дамла и постилање на плочките у Колосеум.
Едно друго трето, вода трчање паники, некако ја освестија девојкава ни дојде некако душата на место на сите и туку некој од позади само кажа:
„Аман бе па овој не моеше да предвиди дека ќе се онесвести оваа!!!“
Мислам дека нема кој не се смееше што од олеснување, што од страшно добрата шала. И друго што да ви кажам освен консултирајте се бе луѓе има некои стварно што знаат што ќе се деси...
No comments:
Post a Comment