2011-09-19

Има ли???


Почнав еден друг текст се распишував да се објаснувам што е за мене умерен национализам, ама ми текна дека веќе кажав, во Вие како сакате...

Па ми текна една друга ствар и се испреплашив ко мајмун у Јуни пред дрво со цитрони и викам, абе ние ќе наебеме бре. Замисли ти, ај остај ова некоректни со #тераса што сме, него девојкиве коа играат ракомет, коа ќе победат се гушкаат и почнуваат да пејат песна. И тоа не е обична песна...

Се започнува така наивно со стиховите:

Македонско девојче китка шарена во градина набрана дар подарена,

И ти си помислуваш браво бе што убаво си пејат девочињава, за подоцна низ едно суптилно поставено реторичко прашање да се откријат вистинските амбиции на злобните македонци, во случајов македонки. Реториката оди вака:

Дали има на овој бели свет, поубаво девојче од македонче?

И сега ти не слутејќи ги се уште вистинските амбиции на оваа глутница од гушнати девојки што пејат си се подразмислуваш мајку му, има ли? И некој се наоѓа секогаш да ја потенцира реториката и ќе извика:

ИМА ЛИ???

За сето тоа изненадно да кулуминира во јасен расистички, националистички, злобен заклучок:

Нема, нема не ќе се роди, поубаво девојче од македонче...

При што веќе мене искрено ви кажувам ме фаќа страв за некоја лепотица мис Пријепоље да не се најде увредена со нашите национал фашистички изливи на вулгаризам дека едноставно не е толку убава ко македонското девојче. Да не зборам кои фрки може да ги имаме ако не слушне Афродита, е тек тогаш изгубивме на секој ебан меѓународен суд. Кај си имаме мака со Грците, по миљон основи, па уште и вакви провокации им правиме. Идиотизам, они имаат пичка што е најјака риба со милениуми и им улетуеме ние тука ќе им кажуеме слушај не е така.

Веќе не гледам на суд и со Ким Кардашијан и онаа проблематичната како се викаше, Парис Хилтон. Да не почнувам Берлускони колку ќе се изнервира ако не чуе, па кај е Венера негова.

Значи да ве замолам како што ќе се преговара за #тераса на едно да го решиме и овој проблем да не дојде утре некој да каже нешто. Ќе си направиме политички коректни навијачки песни и има да навиваме како Европејци бре, не ова нашево, на ништо не личи. Така да чекам предлози како да се промени некако текстот и побрзо да ја испратиме и оваа верзија за што поитна корекција.


3 comments:

  1. За да не доаѓаме другпат во вакви незгодни ситуации, ја би предложил во пакет да се "онадат" и следниве пеачи поради нивниот фашизам, национализам и расизам во песните:

    Никола Бадев
    Гоце Николовски
    Симеон Гугуловски
    Џорлеви
    Васка Илиева
    Владо Јаневски
    Елена Ристеска
    Тоше Проески
    Дарио
    Александар Митевски
    Калиопи
    и уште многу други да не ги набројувам.

    ... и ќе заборавев http://www.youtube.com/watch?v=gdnWaXjEVN0 овие можеби највеќе треба да се линчуваат!

    ReplyDelete
  2. Ќути коа ќе ми текне колку работа имаме коса ми паѓа. Па тек во литературата колку ќе требаат корекции? Најдобро од ново се да напишеме и да не замараме многу :)

    ReplyDelete
  3. Doticnata (gospoza) Tanja Milevska prokomentira na fejsbuk:

    navivacka sportska pesna treba PRED se da obedinuva, rasi, veri, polovi... primer: http://artists.letssingit.com/manchester-united-lyrics-glory-glory-man-united-rvf8z3w aa ova debilnovo pesniche za momchinja, rasi i solunski polinja e razedinuvacka po najmalku tri osnovi. uste ednas sashe, ugledaj se na stranskite reprezentacii i timovi.

    SUPEEEEEEEEEEEEEEEEEEEEEEEER. Megjutoa ima eden problem, kako gord navivac na Man Utd ova e samo navivackata pesna na klubot sto normalno nema ni pogrdni zborovi ni omraza. Za poreprezentativna navivacka pesna bi ja stavil slednava: "If you want to go to heaven when you die;
    you must keep the Red Flag flying high;
    Get yourself a red bonnet;
    and put 'F*** the Scousers' on it;
    If you want to go to heaven when you die"

    Anglicanite se uvek bolji od nas, pa neli se bolji i od EU taka da se drzat nastrana ;)

    p.s. za navivackiot repertoar poveke na: http://red11.org/mufc/songs.htm

    ReplyDelete

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...