Пред да почнам да ги разгледувам заклучоците до кои дошле екипата на “New Moment” во својата презентација, според анкетата која ја спровеле ми „забодеа“ очи, не неколку, туку сите работи, во врска со целиот проект.
istrazuvanjezainternettrgovija-prezentacija-100421094915-phpapp01 Прво и најлошо, мене би ми било срам со вакви ексел 2007 „пити“ (пола од нив не се ни распознаваат по боите) пред колегите да излезам, а камоли да свикам презентација и да ви кажувам заклучоци, а камоли да сум „реномирана“ маркетинг агенција...
Второ, јас гарантирам денес да земам телефон ќе се јавам сам на 500 души (во Скопје, не знам зашто баш само Скопје и како тоа е одраз на сликата во Македонија или пак каква релевантност имаат 300 души од Скопје) и ќе напраам поубави „пити“, иако сум дунстер за дизајн.
Па Леко ќе собере бе повеќе луѓе на пикникот на вода...
Трето сакам минимализам, ама не и минимум што може да се направи од презентација.
Што е работата ова со 13 – 14 слајд.
И логичкиот нареден слајд.
И сега да видам дали разбрав:
57% веќе купиле од интернет, ама 31% веќе купуваат од интернет. Мхм... ок РАЗБРАНО...
Стварно не разбирам на кое ниво ги работиме работите овде во Македонија, пардон Скопје...
Анкетата и заклучоците се со релевантност нула, реализација минус десет, изглед минус бесконечност. Па нека сурфнат бе TED нешто, нешто нешто, било што. Еј кога ќе ми текне дека сакав да излезам од работа за да одам на презентацијата...
Зашто критикувам? Уверен сум дека ќе направам порепрезентативна анкета, со поубав изглед и каде каде подобра реализација, па и презентација. САМ.
Кој се клади???
