Не знам како ве прави тоа да се чувствувате, ама Аеродром нема веќе септички јами... As of today.
Сега фекална ќе средат кај регионалнио кај Лисиче и готово. Официјално сме најзаебани, држаа.
МЗТ од наредна година кеш нешто ќе го опраале, ни градат стадион и фудбалски клуб ќе имаме. Ќе прогласиме независност и ќе издаваме биометриски... Само за момци од Припор ќе биде влез со лична карта, се остало има бе пасош да покажуе на Железничка.
Одеднаш имаш ситуација...
Доаѓа типче од Капиштец и го глеа поприлично надуван аеродромски „цариник“ и му вика:
Име? - Вангел.
Од? - Капиштец.
Окупација? - Не бе, да купам шипка.
Епа дај 30 денари.
Ќе наплаќаме патарина на сите што ќе доаѓаат да ја видат оваа чудо од населба без јебена септичка јама у неа...
Искачаш у град глеаш пичка од „центар“ се цепа нешто тука со другарки и улетуеш и и викаш... Ај ма не се „курчи“ гарант кењаш у септичка уште. Па тоа аеродромци ќе биде нешто као „плава“ крв, влагаш у кафич и сите викаат ееееј еве го овој со фекална што имаат секаде. Скопје нема да се дели по 2014, него по 2010, 27.04 и тоа, дента коа се затрупа последната септичка у Аеродром.
Ќе вика после малиот Сакам да какам кај Коле, Коле е од Аеродром.
Кујзнае колку ќе рипне цена на стан сега... Немаш фенинг леб да си купиш, али ќе живееш у стан од 500.000 евра. Коа ќе и кажеш на „малата“ те носам дома, нозе ќе и се тресат. У WC со фотоапарат ќе ја пушташ да влага. Пола саат демонстрации, ова е казанче, повлекуеш... Замисли уште и осветлено да ти е, па и бољер да имаш???
Доцна е ќе си легнам можеби ќе улета некој сон уште поубав што ќе се оствари...
Сепак живеам во најдобрата населба на планетата.