2013-02-03

Ни стаија крст на Водно, да изглеаме баче као гроб




Испраќавме вчера другар во иноземство, уште еден интелект надвор од оваа жабокречина... Еден од оние мигови, кога не знаеш дали да му се радуваш нему или да плачеш за оние сите нас што останавме тука... Ама пред да дојдам бевме на филм направен од ПМГ екипата кој се вика Љубовно писмо до алтернативната култура... Толку ми беше филмот добар што дури им се скарав на сите од другариве што не отидовме заедно :)

Му се спремав веќе недела, ретко за кое срање стаам римајндер на телефонот, ама за ова ставив, ме потсети си резервирав карта, фала ПМГ, фала Мирко и отидов...

Цело време се плашев и имав чувство кога зборував за филмот со луѓе дека ќе го направат премногу личен и едностран, обоен со екипата на ПМГ и ништо друго и покрај таквиот наративен концепт, сепак мислам дека многу успешно успеале да ни ја доловат приказната преку неколку фацки, од самите почетоци, па се до денес,  кои гравитираат околу 103ка како радио и како идеја целиот овој период.


Музички мислам дека целата музика што се пушта во филмот е под лејблот на ПМГ Рекордингс, што можеби оди во тој правец да фрли тука еден таков сомнеж, но кога ќе издадеш над 100 изданија, веројатно имаш доволно широк дијапазон на музичари и музички правци да попуниш   еден ваков филм со супер кул музика. Сепак останува нели моментот нека ме поправи некој ако грешам, но немаше хип хоп во филмот и немаше метал или ја не приметив :)




Се појавуваат многу фацки, дури и што се вика и тие што треба и тие што не треба, раскажуваат за почетоците, за златните времиња, за падовите, проблемите, повторното раѓање, опстојувањето на 103ка, малтене како пиреј низ сите овие години. Како единствен феномен можеби во светот на толку алтернативно радио, произлезено директно од системот и матична куќа да е Националната (МРТВ во случајов).

За обидите да ја згаснат, за начините на „борба“ за инсталирањето на слободна мисла кај луѓето...





Друго што знам што да ви кажам би зборувал уште многу за филмов, ама идете да го гледате сите што побрзо, па да си напраиме после муабет на раат. Еве кога и каде може да го гледате.




И идете побрзо пошо овие откачиле више и сеа се нафурале сериозно дека ќе праат филмови и наредно што обеќаа дека покрај 100 музички изданија, ќе фурнат 100 филмски изданија...

За крај еве го @gatcho у зелена варијанта:


 и еве го во сина варијанта на журчето што одеше после филмот во бифето...


Се надевам никој нема да се налути за фотките што ги испокрадов од интернец, освен последните две, за кои ги направив сам благодарение на позирањето на Гачо.





3 comments:

  1. Blagodaram na ova :) Inaku pogolemiot del (edno 75%) od muzikata vo filmot NE E izdadena na PMG Recordings. Ne deka nemame za 10 filma :) Nemashe hip-hop, nekako ne ni legna poshto u momentot nise vide na prva lopta, a verojatno zgreshivme. metal nema poshto ich ne sakame metal. pozdrav i fala :)))

    ReplyDelete
    Replies
    1. Фала на коментар, фала за филмот и да се множат!!!

      Delete
  2. ko ke razmislam podobro 50% od muzikata e na nashiov label. taka da fifty-fifty :)

    ReplyDelete

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...