2012-04-25

Пенетрација




Кој ме следи по социјалните мрежи веројатно има приметено дека не сум арен деноиве, ама сепак ете има некои што не знаат, па во случај да се чудите зашто е избран токму овој момент за обраќање и токму оваа боја на изразување, да ви биде појасно. Авторот не е арен!

И сега така неарен кога си имаш време многу да лежиш и првите денови 3-4 не размислуеш ништо пошто уште ти се вари мозокот од неподнослива температура, ама после некое време, успеваш да ја симнеш на разумна триеседмица и почиња да се јавува една тачка у мониторот! Како оној вицот со Јапонец, Американец и Македонец, коа ги истражувале кој за што размислува. И го ставиле јапонецот тука компјутери, технологии, тачскринови се покажале. Го ставиле американецот берза, долари, курсеви, графикони, пити. Го ставаат македонецот НИШТО! Што е ова бе вика шефот на истражувачката мисија и тука некој супспецијалист за македонски прашања вика: Шефе извини да му даеме една ракиичка да видиме што ќе се деси? Му дале го ставаат и туку тинг се појавила една точка на екранот. И сеа што бе? И овој им вика давајте му уште. И тепа така македонецот ракија и после некое време на екранот се појавуе ШОПСКА!

Е така драги мои се јави една точка кај мене у глаата откако го гледав тој моржот како мавта со македонско знаменце и пелтечи некој неразбирлив клингонски и сфатив дека е моја граѓанска должност да издвојам дел кој сметам дека треба секој од нас да го научи како би дале поддршка на оваа мисија од круцијална важност за пенетрација у ЕУ. После голем број пати гледање на видеото се одлучив токму на овие 9 секунди... Налет за англискиот, него како трепка моржот...





Според мене ова треба да се стави во учебник по дифолт да се учи како се сака својата држава и како се бара поддршка за својата држава на еден достоинствен и елоквентен, па ако сакате и уметнички начин. Јес да ја лично у биологија би ја стаил да се учи...

Така доколку сте патриоти закачете го ова видео на вашите фејсбук профили, твитнете го, шернете на Гугл Плус, нека види Јуроп што треба да ни даде за да победиме. Еден војс!

И туку дали дека сум болен ми текна и на Васил Зафирчев. Тој па што му е бе филмот? Разбирам ај раснет покрај Топилница тешки метали и се', ама не ме заебаај бе брат, овој ја сакаше...



1 comment:

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...