2012-04-07

Некои љубови





Коки не си фер!

Овде е ладно Коки и ти стварно не си фер!

Како се вика другар ти Коки? Тој нема име! - секогаш викаше Коки.

А зашто си ти Коки, мој Коки? О зашто си ти мој?

Успевам некои денови навистина да сум среќен, иако и не помнам како беше тоа, веројатно ми е доволно кога не мислам и се будам со некоја друга мисла, веројатно сум среќен Коки кога ме гази единствено секојдневието.

Ти кажував Коки, о мој Коки, не научив никогаш да ја дочекувам пролетта без неа. Секогаш ми се потсмеваш, ти знаеш нешто? Кажи ми, олеснува ли некогаш? Како е таму, мој Коки? Не пијам веќе Шток, никогаш не пијам ебен Шток мој Коки. И во оние ретки мигови кога не мислам дека животот навистина нема смисла, ми текнува што за нас беше љубов. 

Кога е крај? - ќе ме прашаше, о мој Коки. Кога знаеш дека навистина е крај? КАКО? - ќе викнеше!!!

Нема крај, вистинската љубов нема почеток и крај - ќе ти речев... Помниш ли мој Коки???

И што знаеш ти за љубов ќе се налутеше Коки и ме набрка и никогаш не успеав да ти кажам Коки.

Можеби се смеев, можеби се збунив, можеби само сакав да бидам откачен, можеби едноставно така и мислев и се уште мислам! Па Коки тоа беа деца што си играат во песокот, а ние бевме надувани говеда Коки. 

И таа мајка била клекната под нечиј ремен и пушела, Коки макар колку и да боли, тоа е вистина. А тоа, види го како ја гледа. Па таа е божица, таа е неговата мајка. Толку чиста.

Тоа беа само деца кои играа во песокот, а ние бевме напушени говеда, Коки. И сега знам дека не знам ништо за љубовта, Коки. А само животот мој Коки, единствено животот дава втори шанси мој Коки, а ние сме тука да грешиме и  ќе продолжам да грешам и никогаш да не научам, дури не ми викнеш пак. 

Што знаеш ти за љубовта? Кој си ти да судиш?

Но така е кога не е фер, 

Некои разделби болат, а некои љубови остануваат засекогаш болни!!!




1 comment:

  1. Треба да го посетиме Коки кога ќе си дојдам.

    ReplyDelete

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...