И што ќе пишуваш кога ќе ги напишеш сите песни? -ме праша.
И за што ќе живееш кога ќе пробаш се’ во животот?- и ми се насмевна.
И кого ќе запознаеш нов кога ќе ги знаеш сите? - налутено подвикна.
Каде ќе појдеш потоа мил мој кога ќе го обиколиш светот? - и ме гушна.
Не знаев, маме му ебем...
И сега не знам и сега сакам да пишувам, сакам да пробам се’ во животот,
да ве запознаам сите и да го обиколам светот!
И се’ е исто се чини,
Само што јас не појдов никаде и не запознав никого,
се поретко пишувам, а уште помалку живеам!
Се’ е исто претпоставувам,
само што ти веќе не ме прашуваш...
ме упропасти
ReplyDeleteОвие двајцата еј. Овој ја уништи едниот неделата, овој вторникот! Ебате тоа... оставете еден ден, сонце да го огрее!
ReplyDeleteОвој Сотир ако не те маане даун ,нема кој
ReplyDeleteРиспект...
ReplyDelete