Пред да почнам ќе кажам некои работи зашто освежување на блог не е така лесна работа. Не знам за туѓите, но јас прилично често чепкам во кодот со моите дунстерски познавања и гледам да имплементирам некои ствари, кои единствено може да се стават во кодот ко за беља.
И така, иако некому е најлесна работа мене ми е прилична заебанција да вметнам копче твитер, пред постот, десно, на пример. Зашто баш мора во кодот, пошто ако е преку виџет нели не го шерува одредениот пост, туку блогот. Знам, знам има и за шерување она балончето, ко кај Внукот на пример, ама ете дури и тоа, чекај не сакам DIGG да има, не сакам STumbleUpon, сакам полево и на крај пак си у кодот и пошто сум нели дунстер, се тоа оди кај мене по пат на обиди и грешки и си бара ВРЕМЕ МНОГУ ВРЕМЕ :)
Па уште фејсбук копче, лево, па гугл плас копче под постот, десно и тн и тн...
Впрочем затоа најчесто мене блоговите ми личат на елка која ја редело 4 годишно дете на ЛСД...
Да не зборам дека изгубив сега пола сааат во читање ствари како да го имплементирам гугл аналитиксот... Убавата и фина работа е што со тек на време се уходуеш и ти треба само пола саат :) , ама пак е замарање.
Е сега кога освежуваш блог сите овие ствари наравно се губат и треба да ги правиш од ново... Затоа еве пар совети што јас би ги издвоил:
- ПРВО и основно правило направи си бекап на постоечкиот. Ќе дојде момент кога ќе ти здосади и ќе си речеш да го имав стариот, до сега ќе го спукав назад и ај чао... ВЕРУЈ МИ...
- НИКАД немој да почнуваш со размислување околу тоа и со муабетот чекај да пробам, особено не навечер, особено не ако си на работа наредниот ден, особено ако веќе не си постапил согласно првиот совет, односно немаш бекап.
- Ти не си дизајнер освен ако не си... Барај помош од дизајнери... Ако не знаеш да најдеш еве ти мал хинт, најчесто изгледаат вака:
- Стави аналитичка алатка и не го бандажирај као дека тебе не ти е битно, шо како читаност ово оно, туку стави и прати кога се пикови, кои текстови ти се најчитани и тн и тн... Ова е значително олеснето со тоа што на блогер барем платформата, автоматски е овозможена таа услуга, но на Гугл Аналитиксот на пример може да се видат некои ствари како инпејџ аналитикс, за каде кликаат најчесто посетителите што е битен момент, за што и каде да се постави, при наредниот евентуален редизајн.
- За ова мислам ќе има мрчење, но многу се ретки блоговите кај нас, што имаат направено екстерните линкови да им се отвараат во нов таб или прозор. За мене барем, МНОГУ битно. Ептен е пофраерски... Башка ми имаат многу луѓе кажано. Така да ставете го и ова и внимавајте дека при промена на дизајнот ќе треба од ново да чепкате по кодот да го имплементирате и ова. Нов темлејт нова прича :) Ако има некој поинакво мислење ве молам пишете баш ме интересира...
- Социјалните мрежи се главната артерија, не само на еден блог, туку денес и општо на интернетот, така да присутноста на истите е од клучна важност. За дали сте или не како блог присутни на истите мислам е излишно да праиме муабет, она што е битно при „освежување“ посоветувајте се со комјунитито, видете ја реакцијата. Не знам како мене многу малку критики ми дадоа, ама вие молете се за негативни коментари ако не за друго за да имате шо да мрчите другите коа ќе сменат нешто. Коса, профајл пикчр, темлејт на блог и тн и тн... Килажа евентуално :)
Сигурно има уште многу што да се каже, нормални работи или еве на пример, мигрирање на блог на сопствена платформа VS блогер или вордпрес. Сигурно има и подобри совети, ама ете пустото толку се знаело, толку се кажало. Повеќе го пишав постов како тизер. Сериозно баш ме интересираат вашите мислења, особено за дали блогот е поокеј вака или инаку, што би смениле што би додале? Дали треба у нов таб да се отвараат линковите? Оние што имате блогови, дали и кога менувате, зашто и тн и тн...
Така да пишете луѓе и однапред ви благодарам.
Е, вака е бољи дизајнот. :)
ReplyDeleteАбе стариот беше бољи се така ми врти работава... Ама време ќе покаже... Фала ти секако
ReplyDeleteПак се чита аеродромскион...и да,треба линковите во нов таб да се отворат. И поише ми се свиѓа црно на бело дизајн,али мала промена није на одмет бе брааааааааааааат!
ReplyDeleteП.С. и многу комплицирано ми е ова Comment as...не сум ја хипстер блогер да знам што праам
Центарскана
Еее мене вака поише ме бендисува твојот :)Некако ми боде очи тоа црната позадина никогаш не сум ја сакала. Пофраерски е new tab, тачно. Јас уште не сум седнала да средам се што сакам да средам кај мене, а богами има што да се направи плус...
ReplyDelete+1 за совет бр.2 =)
Поздрав!
Центарска абе уше брааааат коа ми пиша знаев дека си ти шо ќе се потпишуеш па и ти бе брат...
ReplyDelete@Debamaalka фала ти... Ајде седнувај средувај и чекаме нов пост... Поздрав