2011-11-06

Македонското Жовинарство




Или пак беше Журнализам? Што и да беше навистина е Жално.

Но да почнеме од почеток. Седев така пред компјутер пред некое време пиејќи чај од Жалфија, затоа што имав некои проблеми со некои Жлезди у Желудник. Ко за беља компјутерот тој ден ми беше спор ко Желка и не можев да збркам работа ко што треба и ко по обичај си висев на нет (читај твитер). И туку од никаде некој пиша дека Премиерот ќе ни се приклучи на оваа социјална мрежа и лично ќе се ангажира да твита од својот профил.

Веста ќе си беше сосема нормална и се ќе си беше во ред, ние твитерџии, ко твитерџии веќе бевме тргнати да се потспастриме, јас лично мислев и Желе да направам, како добар домаќин. Но одеднаш како штица у око заби дека акаунтот на Премиерот ќе бил Жгруевскиникола.

Е сега кој користи Твитер знае, кој не еве да објасниме дека никот не може да ти биде на кирилица (прво и основно) и пред никот се користи знакчето @. И сега кој има напишано барем 2 документи во животот веројатно знае дека има македонска поддршка и англиска или америчка или вотева, на која дудуци пишуваат со ФОНТ. И новинарот, пардон Журналистот, го однел фино лепо у редакција текстот на америчка поддршка нормално. Најпаметниот у редакција му рекол брат зашто бе вака пишуете у фонтови, друг пат немојте, ај бегај ја ќе го средам текстот. Ставил АДОН ЛСКонвертМак и го пукнал цел текст на конвертирање и резултат претпоставувате беше Жгруевскиникола. (ова се сепак претпоставки, можно е да користеле и друг софтвер). Тоа што сега драги читатели вие го читате како @GruevskiNikola е уште една победа на критичкото око на твитер заедницата.

Како и да е,твитер заедницата, како што тоа обично бива, како трофеј од оваа победа го присвои хаштагот (hashtag - е ставање на префикс на одреден збор, при дискутирање на одредена тема. Се користи за полесно дискутирање и пребарување на одредена тема во рамки на Твитер) #Ж. Така да денес, скоро сите твитови врзани со работата на Владата или лично некоја изјава на Премиерот се води под хаштагот #Ж. Мала варијација на тема @Ж што во твитер Жаргонот би било обраќање на Премиерот или пак доколку го користите во вашиот твит обраќање кон Премиерот или познат и како меншн.

Дел од твитовите кои јас ги симнав се содржани на линков.

За понови твитови само притиснете тука и куцнете #Ж

Инаку интересен е фактот што #Ж додека го пишувам овој текст е трендинг топик или ти многу жешко да се твита за тоа, затоа што на Премиерот му се испушти еден лапсус во интервјуто на ТВ по повод 100 дена работење на Владата на РМ. Па ако не го фативте во твитовите, видеото може да го погледнете тука и да не се лажеме дека сакате да го гледате цело, веднаш одете некаде на 20:00 минута...

Или да не се оптеретувате, еве ја скратената верзија...


1 comment:

  1. не пиј чај од жалфија за желудник, те заебале :)

    ReplyDelete

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...