2011-10-11

Збор два за маркетингот


Денеска како и многу блогови и експерти и јас ќе се занимавам со една тема што е општо позната, МАРКЕТИНГОТ. Прво ќе кажам дека во последно време како никогаш до сега ми се чини дека изникнаа експерти, изгледа намирисаа кеш дека ќе има во маркетингот, па мрсат бубрези сега со глупи муабети. Како и да е, само ја отсликуваат ситуацијата дека сме ЗА НИКАДЕ.

Прво и основно, не може бе кецарош у некое второкласно средно и со 2 тренинга и изгледани филмови за маркетинг да дојде и да учи некого нешто. Јас не знам за вас, ама јас и да сум дебил, сепак не би дал некому ни 2 денари да ми води кампања ако СЕУШТЕ го пишува споено на пример. Е така е драги мои експерти, затоа што сте бегале од часови и сте глеале амерички филмови и сеа као сте понапред од генерацијата, не ве прави компетентни да работите на некоја кампања. Заради едноставниот факт: првото правило во играта е да ја ПРЕНЕСЕШ ПОРАКАТА.

Како јас еве да СВАТАМ некој експерт што ми објаснува кога престанувам да го читам понатаму после првиот пишан збор? ОСВЕМ тоа би сакал да ви кажам и некои други зборчиња од кои ми се сере на пример: ПРЕСКОНФЕРЕНЦИЈА и по логика и по било кој друг закон се пишува одделно ПРЕСКО НФЕРЕНЦИЈА. Драги мои ПР маркетири, новинари немој да ЗАВЗЕМАТЕ позиции, заземете се и коригирате го својот вокабулар како за почеток за да може да ми ја пренесете пораката.

Доколку НЕМОЖЕТЕ одделно да го пишете, немојте тогаш да ме учите мене било што понатаму туку вратете се назад во училиште и удрете и шлаканица на учителката или пак на самите себе. Она што е најтажно е што во целава бизнис клима, ваквите оперирани во мозокот маркетири, како од срам, така и од некои битни граматички правила и етички однесувања се снаоѓаат и работат. И тажно е и редно време да им се каже дека така веќе не може и дека заради нивната потпросечност сите патат.

Ми се допадна муабетот на Дарко каде што УПОЗОРУВА и укажува на тоа дека имаме една ситуација во која не постојат агенции или било какви институции кои вршат било какви истражувања на пазарот, заради што сме доведени во ситуација и како бизниси и како крајни потрошувачи да талкаме. И исто како во политиката што успеваат лепачи на плакати, тука работат стонирани глупаци кои сакаат да ја задржат ситуацијата STATUS QUO наместо да бидат генератори на промените и после 2 џоинти испушени на копирајтерот у компанијата ќе дојдат до некој БРИЉАНТЕН слоган. Што нема никаква поткрепа, нити врска со реалноста кај нас.

И да не биде кењање само постов еве едно мое искуство со еден сервис на Гугл. Се вика Гугл алертс. Се уште е во бета верзија, но го користам сервисот веќе 3-4 недели и сум презадоволен. И веќе гледам неколку примени. Така на пример за некој бизнис е од клучна важност да знае што се случува на нет врзано за неговиот производ. Што мислат луѓето? Што закачуваат на нет? Што закачуваат конкурентите? Што е со комплементарните производи на вашиот производ? Дали можеби има некоја нова реклама за сличен производ? Сите тие може да ги наведете како клучни зборови и да бидете известени во истиот момент кога било кој ќе закачи содржина, видео, музика, ќе напише пост со тој збор.

Што е со маркетирите? Епа верувам дека експерти како што се, ќе најдат некој ултра модерна примена на овој сервис. Како и да е, доколку дојде некој бизнис кај вас, ќе може лесно да направите истражување, кои се најголемите конкуренти во интернет просторот на вашиот клиент, за кои производи се говори и пишува. Ќе може полесно да пристапите на таргетирана публика и да идентификувате и посочите посоодветни сајтови каде би се рекламирал некој од вашите клиенти.

За маркетинг нинџите: ќе може да ја менаџирате неговата страница на пример со аплоадирање на содржини за кои ќе биде наменета, без поголем напор, едноставно содржините сами ќе ви доаѓаат на меил. Така ќе нудите секогаш интересни содржини со помалку потрошено време.

Сигурно има уште многу примени и едвај чекам некој да посочи како го применил за сопствени потреби. Така да пишете искуства, споделете и до некое наредно мое мрчење за маркетингот се читаме.

No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...