Ми се допадна, ко литванска чирлидерка на #Иге,
Те засакав уште веднаш, ко на Бо кошот со Грузија,
Првиот пат ми беше како кога ја тепавме Грција,
Кога ми рече ме сакаш ми беше како влез у четвртфинале,
Од тогаш, секој миг ми фалиш како кош со Русија,
Кога си ми лута ми е како изминат напад у последна четвртина,
Ме нервираш како фаул у напад, а сепак си ми единствена,
како Македонија од Балканот у полуфинале,
За тебе зарипнувам како против Литванија,
Секој пат кога ќе ми текне на тебе,
се насмевнувам ко Чековски,
За тебе крадам мигови, како Стојановски топки,
Ме радуваш секогаш како на Влатче тројката,
Понекогаш и ми тежиш, како сите пива оние 2 недели,
А сепак,
Те сакам како 4 место на Европско.
No comments:
Post a Comment