И тука се тотално у право . Типот спонтано наметна една нова форма на урбаното изразување која може да се употребува во секојдневната комуникација .
За оние што не го запознале Мите, да направиме ретроспектива на формата. Иде вака:
Згодна риба: Здраво Мите, те знам од градов и мнооооогу ми се свиѓаш!
Мите М'не: Ти се чини...
Е сега, каде се може да се примени формава? Ќе наведам неколку примери.
Ситуација кога на дечкото му е мал, ама девојката си го сака:
Дечкото: Го осеќаш бејби?
Девојката: Ми се чини дека го осеќам.
Ситуација кога на дечкото му е мал, девојката не го сака, ама дечкото е у Мите М'не mood.
Девојката: Абе тебе ти е мал!
Дечкото: Ти се чини!
Или комуникацијата у една врска/брак би идела отприлика вака:
Жената: Ме вараш!
Мажот: Ти се чини!
Мажот: Опааа си трошела на нови кондури пак?
Жената: Ти се чини!
Мажот: Пак не си измила садови, кујнава лом е!
Жената: Ти се чини!
Жената: Пак трошеше пари на покер дур бев кај моиве?
Мажот: Ти се чини!
И така, полека но сигурно ми се чини дека „ти се чини“станува решение за сите проблеми.
На вас останува да пробате со формава, онаму каде што ви е потребно. Гуд лак
Него, Мите (ми се чини) би рекол: Чине ти се, или Ти се ЧинЕ, пошо нели, од Гевгелија бил. :) Би кажам дека си се трудела, ама знам дека ќе ми кажеш дека ми се чини. :)
ReplyDeleteТи се чини:)
ReplyDeleteСо текстов сме им влегле на Лектор у домејн :))))
ReplyDeleteВи се чини :)
ReplyDeleteмоментот кога на неа и' се чини дека му е мал - милион лајкова (да не речам „прајслес“)
ReplyDeleteајде, обожавателски поздрави
Ти се чини:)
ReplyDelete