2011-01-19

Мислејќи на тебе

Веќе одамна живеам вака,

Ноќ по ноќ ги губам работите што ги сакам,

Секој среќен миг го потиснувам

И порекнувам

Како да не се случил никогаш,

Се будам и сонувам да сум несреќен,

А сонувајќи те посакувам и чезнеам по тебе,

Како стариот рибар што го мрази морето,

Затоа што без него е никој и ништо,

Тивко и нечујно ја гризам усната до крв да не ме издаде,

Да ти каже,

Она што сам не смеам да го речам.

И се прашувам, што уште да заебам да ми речеш,

Ти си мало безвредно, плашливо дете,

Да си заминеш засекогаш

Како и сите прекрасни нешта во мојот живот.

Знам дека се е така, дека можеби не вредиш толку,

Николку,

А сепак како пруга под воз кој и не оди никаде, се подместувам

И повредувам,

А сепак радувам, зашто сум тука за тебе,

Макар колку и да си таква,

Никаква,

на некој начин секаква.

Само така има смисла и знам дека ќе мине,

Ама сега е вака и никако поинаку и нема да речам збогум,

Ќе си се гризам, ќе го плукам морето, ќе ги опцујам банкините,

Ќе се болам вечно мислејќи на тебе !!!

No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...