ДРАМЕНБЕЈС ВО ТВРДА АГРЕГАТНА СОСТОЈБА
Валери Шолевски а.к.а Ogonek е најблискиот соработник на Иван Шопов (Balkansky), со кого ја предводи бугарската DnB продукција повеќе од деценија. Представник е на мрачниот, цврст и енергичен Drum'n'Bass – неговиот стил жанровски асоцира на Hardstep, Technoid и Crosbreed. Ogonek е истакнат член на Hard Music and Sounds United (HMSU)– една од најмоќните DJ асоцијации во Југоисточна Европа.Основач е на Metafiziq Recordings, за која издаваат имиња како:
Counterstrike, Cooh, Dub Elements, Gancher & Ruin, Kaiza, TheSickbrotherz…
Редовно настапува низ Европа, но премиерно се претставува на македонската публика.
Очекувајте инспириран настап, со загарантирани брутални битови и абразивни музички текстури.
Лошото дете на драменбејсот доаѓа во Скопје.
Домашна поддршка: Ogie и Hypertech
Визуелизации: Ogonek
Капан Ан ќе почне да се тресе на полноќ, а влезницата чини 150 денари.
Гостувањето на Ogonek се реализира благодарение на MJM – Macedonian Junglist Movement, а на иницијатива на Скопје Вавилон - нова форма на активизам, која обединува креативни умови и стимулира активности за одржување и унапредување на културниот живот на Скопје.
Помогнато од: Културно-информативен центар на Р. Бугарија во Р. Македонија.
OGONEK
www.facebook.com/kenogo
www.myspace.com/ogonek
www.soundcloud.com/ogonek
www.youtube.com/ogonek
METAFIZIQ RECORDINGS
metafiziq.bandcamp.com
www.metafiziq.org
www.facebook.com/
www.soundcloud.com/metafiziq
OGIE
www.soundcloud.com/ogie
www.mixcloud.com/ogie
HYPERTECH
www.soundcloud.com/hypertech
www.mixcloud.com/hypertech
No comments:
Post a Comment