2013-02-27

Од на Братот сказните!!!





Си била еднаш една девојка по име Снежана, која била кралска ќерка и бидејќи мајка и’починала од болештини при пороѓај со неа (ова за да биде потажно) татко и’ се преженил со некоја млада, лоша и згодна опајдура (читај Карлеуша) која и’ станала маќеа на Снежана.



И маќеава била многу самобендисана и го малтретирала огледалоно секој ден, де па де најубава сум и само ја сум лепотица, сите други се смрдли... (и сеа да не гњавам со средина од приказната идеме одма на крајот).

И така додека лежела Снежана во сандакот дошол принцот на бел коњ... А седумте џуџињата клекнати плачеле од жал пад кофчегот во кој била Снежана!

И кога ја бакнал принцот Снежана оваа оживеала и се претворила у Ѓоко Таневски!

Џуџињата забезекнати останале со подзината уста и тогаш Лутко проговорил:

- Еееј а бе ова Ѓоко Таневски е а!?!

А останатите само климнале со главата...

И тогаш Ѓоко Таневски милно ги погледнат и им рекол:


- Сакате да ви запеам нешто?

Овие му рекле:

- Не брат стварно нема потреба уживај си!



Тука некаде завршува приказната и тоа...џуџињата и принцот од тага за Снежана се пропиле, а Ѓоко Таневски до ден денес си пее - тезгари низ цела Македонија.




1 comment:

  1. Е вака пропаѓаат блогови..

    ReplyDelete

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...