2013-02-20

Добрите утра на Братот





Баш пред некој ден приметив дека секое сабајле паѓам во депресија, и чудна работа исто приметив дека ме држи додека да излезам од дома!?!

Не знаев како да почнам да испитувам шо ми е, дали не ми се оди на работа, од станувањето рано, легнувањето касно стварно бев збунет...

И така збунет и поспан си седнав во дневна земав даљинското у рука и пуштам ТВ... Културно следам и мењам канали и осеќам како почињам да влагам пак во депре муд...

Мотам ја така канали и полека полека глеам ми стануе јасно од шо била мојата депресија - утринските програми по телевизииве... А си викам у себе, заштоооо?!?!? Кога баш се свежи водителите...

На виножито каналот едната водителка мислиш глаа ќе и удри на камерата, а другата од што е намонтирана со фризура, шминка и накит се укочила мислиш е кандидат за нов споменик на плоштад, не смее да се помрдне да не падне се од неа ко фасада од стара куќа...

На оној каналон со број поголем од 4 а помал од 6, водителката душичка од што е “наспана и возбудена” нема концентрација да ги дослуша прашањата и коментарите на гледачите, намонтирала блажена фаца мислиш седи на сексуален додаток, а свежа свежа пошо си легнала “рано” синоќа нели пошо у фаца и се глеа, а нејзиниот колегата со овален имиџ од што едвај чека да дојде на утринска програма од возбуда не е ни легнат па е “хипер активен” дури и камерата не може да го прати...

Ама како да не бидат такви - расположени коа најверна публика им се незапослени, стечајци, партиски радикали, самонарачени филозофи, пензионери итн... кои следната стотинка откако ќе се каже темата или прашањето веднаш има некој на линија... А замисли тек да има некоја награда!?!

-          Зраво? Како све? Тука е тетка Блага ме познавте така, секој ден што се јавувам!

-          Ааааа здраво(кисел осмех) тетка Блага, знаевме дека си ти, како не баш се прашувавме дали денес нема да се јавиш за промена... Е па како да не знае коа тие се 7-8 души што упорно ѕвонат секој ден...

-          Многу си убава! Значи коа пуштам ТВ ти ми зрачиш секое сабајле...А водителката “немој така тетка Блага”...

-          Ама како немој така си е...

Како шлаг на торат ми беше коа пуштив на бензискиот канал и не издржав ни 5 секунди... и глеате нема шо да напишам J




И ми олесна некако, ааааа викам ете шо е работава и од шо била работава, го угасив телевизорот пун со себе излегов од дома, а баш врнеше...И си викам шо ако врне ќе си играм една нова игра, а таа е како да одиш по дожд од точка А до точка Б без да се уцапаш у некоја дупка со вода по Скопскиве улиции и да не бидеш испрскан од Скопските возачи...





No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...