Штета у курац, баш се понадевав дека овој Руфи е посериозен политичар, не знам некако ми беше фаца што албанците му веруваат и може да се земе како вистински борец кој ете дури и затвор лежел за своите идеали бла бла и излегол и ги чува своите верувања и е со јасна визија што и како понатаму. Едноставно го поштуев мангупот, не знам зашто може е и до мене симпатичен да ми бил као фаца. И седам нешто мекнеам у кревет пробуем да го џеилбрејкнам ајфонот што го земав од колегињица за да му ставам нов софтвер и го заебав :) коа некое време слушам во позадина следниов говор:
- Руфи Османи може да седне со Мендух Тачи да разговара за целите кои се заеднички но Руфи Османи не е спремен да седне со Бранко Црвенковски без тој да даде јавно извинување за она што го направи во 1997 година. Инаку за реализација на заедничките цели ние сме спремни да соработуваме директно или индиректно - изјави Oсмани
И како сега да не ми текне на мојата прва симпатија? Да да на симпатијата од 2 одделение. Бевме на еден роденден кај една моја соученичка и подоцна супер другарка и јас многу ја бендисав симпатијата и тогаш #umoevreme хит ни беше да угасиме светло и демек може кој што сака да прави. Иако бев многу мал ми текнуе дека се угаси светло и веднаш скокнав врз неа и ја бацив во образот. Да да скокнав како на кечери што им скокаат од најгоре од јажиња само јас од едниот кревет на другиот. Си бев и тогаш како и сега, крупничок и покрај тоа што беше генерациски 1 година пред мене буквално и „ги извадив“ ѕврцките :)
Замислете го моето разочарување утре дента најтрач расположената соученичка кога ми кажа дека сум попил ДВОЈКА. Тоа да ти било демек слаб љубовник сум се покажал и малава ми дава двојка неќе да иде со мене. СТРАШНО, СКАНДАЛОЗНО- Сотир попио корпицу... Ми се одмилија сите 3 литра џус што ги испив претходниот ден на роденденот. Наводно исто така кажала уште некои работи кои уште повеќе ме повредија.
Како и да е, едно друго трето, годиње поминаа и таму некаде 4-5 одд. се „фати“ со еден мој другар што подоцна се пресели у Центар. Педерче, уште тогаш се знаеше. Ама у име љубави инсистираше да сме си подаделе рака, за нему да не му било глупо. Памтим то као да сам Руфи, кога го фатив и му реков: Све е ок, ама не ме терај сеа тука раце подавање ово оно дури она не ми се извини. И така другарот никад не стигна да не помири пошто знаеш у тие времиња сепак врските траат во некои одредени ситуации и до 2-3 дена, а во просек 2-3 недели, впрочем како и коалициите на македонската политичка сцена денес.
Не знам може не ви е смешно, може само јас го доживувам како играње џамлии на ќар и тепачка со тој што ти ја скршил порцеланката со картевалка, ваквиот начин на додворување. И поправете ме ако грешам, ама Руфи ќе можел да уговори и Влада и сите работи со кого било, па и со Бране, ама у кафана на иста маса никад нема да седат заедно ако овој јавно не излезе и прочита некоја стихотворба од типот:
РУФИ ТИ СИ МОЕ ЦУФИ,
НЕМОЈ ДА СЕ ЉУТИШ СРЦЕВО МИ ВЕНЕ,
ЕВЕ ВЕРУЈ МИ ДЕНЕС МЕНЕ,
И ИЗВИНИ АКО ПОНЕКОГАШ ГРЕШАМ,
СО МИНИСТЕРСКО МЕСТО ЈАС ЌЕ ТЕ УТЕШАМ.
НЕМОЈ СЕГА ТАМУ РАДИ НЕКОЈА СВАЏА,
ДА НЕ СИ ПИЕМЕ И ПЕЕМЕ ПЕСНИ ЗАЕДНО ОД ГАЏА.
ЈАВИ СЕ ПОНЕКАД БРАНЕ.
Ја да ви кажам, иам една казна што пред некој ден еден буљаш од џандар ми ја пиша дури си куцкав на твитер паркиран на трета лента кај таксистите од другата страна на Бисер. И му викам како бе ми пишуваш казна кога ми се слоши и паркирав. Ова стокава не ни дискутираше со мене, туку само си пишуваше и пишуваше за на крај да каже или потпиши поени да ти земеме или казна што ти ја знам таму 50 евра. И сеа немој грешно да ме сфатите не ми е за парите, али ако напраам некад партија #Ж има да се извинуе, ко никој. Има да пее ја пее МЗТ ти си живот мој у сред Центар кај на Ацо коњот.
Камо среќа животот да беше како некоја македонска политичка прича... Барем ќе знаев каде ми е првата симпатија...
We don't need no water let the ........... burn!!!
ReplyDeleteмило ми е шо се башка-башка коментарите за постов и фб коментарите за постов #кодосеаданеможеледакоментираатакосакалебре
ReplyDeleteНи беше и смешно, и интересно :)
ReplyDelete