2011-10-06

Здраво...



Здраво на сите,


Јас сум Мала. Така ме крстиле овие моиве, затоа што сум била многу мала и слатка како бебе.
Еве на пример види ме на сликава. Ми викаат дека ако ги исправам ушите ќе сум личела на прав вучјак, ама мене баш и не ми е некој фазон тоа, па затоа си ги носам спуштени...



Од Карпош сум, ама ми кажаа дека сељачиштево аеродромско му бил популарен блогот, па решив од тука да побарам помош од вас. Значи живеам заедно со моите и со Бела.


Бела е постара од мене и да ви кажам право ич не е интересна. Цело време само спие:


Затоа решив да си најдам ново друштво. Многу би сакала да живеам кај некој кој што сака кучиња и што сака да другарува вистински. Инаку имам 4 ипол месеци и цело време сакам да си играм. Ептен сакам да си подавам со топчиња и стапчиња и тоа би можела да си играм по цеееееел ден...
Малку се уште се бунам со тоа каде е ВЦ-то, ама затоа што брзо учам, ќе се снајдам лесно. Доколку сакате да ме земете кај вас ќе ве молам да ме чувате убаво, затоа што моиве се ептен коркачи и ќе се секираат цело време за дали ми е добро или не, ама јас знам дека ќе биде супер.
Затоа доколку сакате да ме земете или знаете некој добар човек што сака кучиња, ве мооолам да ме контактирате. Пишете слободно на блогов, разгласете, твитнете, шернете и ако се најде некој би било супер.

Имав некаде и CV, ама мислам дека ми е на другиот компјутер, како и да е, ви кажав мислам се што треба. Фала ви на сите и поздрав:


3 comments:

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...