2021-06-29

Не сум ја Букауски



Никогаш и не сум бил.
Не се обложувам на коњи,
Сакам курви и пиво јебига!
Ретко слушам Бетовен, но Господ знае дека не сум ја Букауски.

Се научив да пијам сам,
Не сакам мачки, а чекам упорно да дојдат 35,
Ебено добар е џинот вечерва и знам да возам лудо низ улиците,
Ама не сум ебен Букауски.

Не сум ни просечен поет, ни човек,
Лош љубовник со ужасен здив од сите оние цигари.
Изгледаш прекрасно кога си моја,
И кога не си.
И не знам како е ова за тебе кога само сакав да кажам дека не сум ја Букауски.


2015-09-24

За моето Р



Што правиш?
Те чекам.
Знам ама што друго правиш освен тоа?

Како тоа да тоа е ништо. Како не е еј, ај дојди на викенд неќу пошо немам со кого и ја чекам.
Демек зашто си бе така ќутлив да не чекаш некого и треба нешто друго освен тоа да правам.
Знаеш очајно ни требаше некој да е весел и насмеан дента и затоа не те викнавме и тебе, тебе ти олеснува затоа што те чекам знаеш. 

Го залепив огледалото и испадна подобро од што се надевав сега може да се гледам дури те чекам. Знаеш и го правам тоа, понекогаш палам цигара и се вртам накај огледалото му викам You talkin' to me? Се насмевнувам дури те чекам.

Мислам стварно правам многу нешта дури те чекам еве пред некој ден не мислев на тебе седумдесет и седум минути... Чекав автобус, па да не се преклопуваме ја замолив записничарката да ги извади од записникот сите седумдесет и седум минути. Времето е чудно овие денови ладно е топло е, дожд, па сонце, не знам, ама мислам и време му е пошо дојде есен.

Пред некој ден ја видов градината сите цвеќиња поцркале човече као некоја туга да ги убила, де бе викам чекајте малце глеате ја чекам што сте се запнале, ионака не е крај на светот и не смее да биде дури ја чекам.

Те кријам од други не им кажувам бројам во себе и смислувам како да не ме познаат дека упорно те чекам. Па неретко зборувам политика, имам мислење за бегалската криза, за ганџата дека е ебано скапа, за поврзаноста на честичките кои се наоѓаат на огромни далечини, за студентите, го кажувам вицот за Сартр и некако ги гушам со излитени фрази и недопиени вина да не ме прашаат зашто уште те чекам. 

И не’ замислувам знаеш, дури те чекам, како честички чиj спин од сите други неброени комбинации на честички зависи токму од спинот на другата. Не замислувам јас лево ти десно, се вртиме и танцуваме во бескрајот на вселената опиени од се уште необјаснивата поврзаност... Засекогаш... И од сите тие комбинации, од сите тие танцови и бескраи, последниот, последниот танц го чувам за тебе.

И следниот пат кога ќе ме прашаш дали нешто друго правам освен што те чекам? Нека биде дека учам како се вика Р...










2015-02-20

Пар филмски наслови (актуелно) #мкдфилм продакШн



Подолго време го мислам постов и ми е жал ко за подолго мислена ствар што олку шит реализација ќе има, но што е тука е. Да сум дизајнер би направил и пар постери ама што е тука е. Па да почнам со предлог филмските наслови пошо што е тука е:





  • Титаник (не треба пуно објаснување верувам. Продукција Влада)
  • Отпуштено (филм за галопирачкиот раст на економијата)
  • Автономна дома (инди филм (пародија) у кој пар хипстери бараат тоалетна на Твитер да може да остварат некои основни права)
  • Некои го сакаат тоа тешко (народен филм 99% финансиски поткрепен од маса морони)
  • Кум (не би коментирал)
  • 12 љути луѓе (Седница на Влада у која дискутираат жолчно од каде да нарачаат пица)
  • 50 нијанси на диво (филм за струшката ривиера, општинска продукција)
  • Вообичаени осомничени (документарен филм за невладиниот сектор)
  • Престиж (краток филм за животот на човек што седи на кафе у Броз откако успешно ја паркирал колата на Партизанска)
  • Животите на другите (долгометражен филм за македонската дијаспора)
  • Граѓанинот Цане (урбана приказна од скопскиот асфалт)
  • Третиот човек (филм за телекомуникациските услуги. Внатрешно спонзориран)
  • Роки (не би коментирал) 
  • Кој се плаши од Вирџинија Вулф (шознам нека стои!)
  • За шаку долара! (овој филм како и Брус Ли у Змајевом гнездом како и Осми Путник немаат други пооригинални наслови од овега. Филмот ја објаснува уствари све објаснува)
Би ве замолил кој има предлози да ја продолжи листава комотно може и со постери во коментари или на твитер или фејбук или каде и да е. Предлог хаштаг нека биде #мкдфилм




2015-01-28

Claxi апликација која ќе ни го олесни движењето со такси




Последниве денови ги дружев дечките од Claxi мобилна апликација која е наменета за корисниците да добијат подобра такси услуга. За Claxi првпат дознав од натписот во IT.com.mk Aпликација на денот: Со Claxi може да нарачате скопско такси „со еден клик“

Се работи во основа за мобилна апликација која ви овозможува да добиете брзо и навремено информација без да вртите на такси компанија дали и кога има слободно такси за саканата дестинација која прилично интуитивно ја селектирате на мапа. Откако ќе изберете побарувачката пристигнува до мрежа на таксисти кои ги праќаат своите понуди. Убавината е во тоа што може да си изберете такси по ваша желба, ги има и податоците на возачот и да ја погледнете понудата односно цената и врз основа на тоа која е најповолна за вас да си изберете. 

Убавината кај нарачката е што откако ќе ја прифати вашата понуда возачот има достапен чет во рамки на апликацијата каде може да дефинирате точно на пример на која страна да ве чека, пред кој влез и тн. и има можност да ве извести кога е пристигнат на локацијата. Онака ти стига нотификација. Те чека шоферот :)

Тоа според мене е супер можност за да не мора во студените месеци да висите ко мисири на -20 или ако се деси да се занесете некад, па да заборавите дека сте нарачале такси уопште! За причините за занесување не би навлагал сеа.



Сликава е голема пошо толкав ми е мобилниот!!!


Иницијално кога беше пуштена апликацијата дечките имаа проблем со недоволен број на таксисти и со тоа понудите за такси беа мали недоволни. Но сега ме уверија дека бројот на таксисти е зголемен и може да почнеме да го користиме сервисот. 

Па луѓе симнувајте ја апликацијата на овој линк http://goo.gl/2Gnwy2 и да почнеме уште од денес да Клаксиме.






2014-12-07

ШОКАНТНО: Катарина Ивановска има Фондација



Еј ако постов има 500 читања ми рекоа дека ќе се сликам со Катарина Ивановска, па ако можете читнете споделете не би било лошо :)

Инаку Катарина има фондација и може да видите нешто повеќе за фондацијата тука

И ако купите автоматски донирате на деца од социјално загрозени семејства и тоа би било баш кул!!!

„Инаку уникатните маици од колекцијата „ПАРГО“ се продаваат во салонот кој е лоциран позади „Броз кафе“ на булевар „Партизански одреди“. Дел од колекцијата „ПАРГО“ се и маици чија продажба се донира во фондацијата „Катарина Ивановска“ 














2014-11-25

Шо викате?




Идеја ми даде следнава вест: 


Националните приватни  телевизии  Алфа, Телма, Сител, Канал 5 и Алсат М ќе се залагаат за своите права на пазарот преку заедничка асоцијација во рамки на Стопанската комора на Македонија.


Е сега веќе кога се на едно место и топтан да им се обратиме со барање да ги тргнат ефтините синхронизирани турски, индиски и какви се’ не сериски филмови во примарните термини од своите телевизии. Од простотилук ни крвави веќе општеството и овие општествени конституенти со шундот што го шират да дополниме тука и Ѕвезде Гранда и слични кењара шоуа и тоа како имаат свој удел. 



Што предлагам да направиме:

  • Да направиме некој вид на здружение каде ќе ги дефинираме и прецизираме нашите барања (да се тргне шундот од ТВ) и ќе ги направиме јавно достапни
  • Да искористиме сервис за онлајн петиција која би побарале поддршка од јавноста да биде потпишана и да ја упатиме до оваа асоцијација погоре спомената да ја испочитува и да ги тргне булшит сериите и шоута од програмата
  • Да побараме од македонските производители да не се рекламираат за време на овој шунд во спротивност ќе ги избегнуваме нивните производи

Што сето ова би значело:

  • Ќе се подобри квалитетот и едукативната страна на програмите и ќе се „разбудат“ телевизиите да наоѓаат квалитетни содржини наместо класичен булшит
  • Ќе се натераат да продуцираат сопствена програма во отсуство на странски квалитетни сериски филмови или документарки, кои ете им се многу скапи.
  • Тоа ќе значи повеќе работа за нашите креативни работници и одговорност на медиумите дека не може со лижење кај актуелната власт (која и да е) и служење ко нивни инфо сервис да протињаат глупи ефтини шоуа и серии, со крајна цел лично богатење и да се повикаат на јавна одговорност.
  • Сигурно ќе има и други непосредни користи кои со тек на времето ќе произлезат
Тука сакам да истакнам дека сум пријатно изненаден од подобрувањето на квалитетот на програмата Македонската Телевизија МТВ1 пред се’. Од документарни, забавни емисии, до сериски филмови и долгометражни, па се до спортскиот дел, нешто на што останативе во потполност почнаа да потфрлаат. И знам дека е најлесно да се каже смени канал, ама кога веќе се праат паметни, па ќе одлучуваат и тие нешто за права на пазар енд шит да ги потсетиме дека покрај права имаат и обврски!!!

Делот за вести нема што да го дискутираме. Туга брате!!!

Кој е за???






2014-10-17

Моите 5+1 омилени TED видеа




Ме фати неспремен од работа без целосен пристап на интернет куче едно @zuberot со предизвикот.

Но, јас не би бил јас ако не се извадам од секоја ситуација нели :)

Особено горд дека после два организирани настани ќе може да си изберам 5 видеа од „нашите“ говорници и супер што ме потсети да го направам ова.  Значи одиме со ред (то ест без ред бројките се рандом, колку да избројам):

5. “Од подрумите на Шутка до освојување на светот” – Шутка Рома Рап 

4. „Луѓето како процесори“- Игор Трајковски

3. “Остварете го својот сон” – Никола Узуновски

2. Endorse Walter, Небојша Илијевски

1. “Мрзливи во преводот: од јазикот кон светогледот и назад” – Илина Јакимовска



Што се однесува до ТЕД говори топ три ќе издвојам:

1. Дејвид Брн

2. За како се креира движење

3. Овој мал цуфтар баш ме подзамисли за животот и моите ставови и топло го препорачувам!


И да...

Ај да праиме пак TEDxSkopje пак што???






2014-10-01

Конфузна





Сите оние тони лисја што изговараат имиња кога чекориш по празните улици,
Она лажно сонце што те грее и те настинува да не можеш да се помрднеш од креветот, како некои насмевки.
Ебаниот 11 Октомври и првата пушка и втората и сите ајвари...
Никогаш не го засакав октомври.



Од денес не пушам ме искина синусот,
Горчината на изневереното ветување дури ја палиш првата цигара утрото,
Не научив да скијам и да се радувам на снегот, а и кога паднал снег во октомври побогу?
Чај би сакал со мед, ама не од оние пластиките, туку ако имате природен.
А девојките се толку слатки во оние џемпери кога шетаат како да се кафекуварки на Ентерпрајс.
А којзнае, може и не го сакам Скопје во есен или е само октомври.



Ја чистев собата денес,
Полно прашина, сметки и по некоја заборавена шнола,
Во белата градинка пар малишани се радуваа на првото ху.
Баш мразам ху!
Се поднасмевнувам и дишам во јакната да не испуштам нити здив.
Октомври е супер за џез, за грицкање нокти у соба, за дожд и да дужиш пари.
Баш никогаш не сум го сакал.


Еден од овие денови ќе рече некој на радио стигна есента во полн ек,
Автобусите крцаат од изгужвани фаци кои не одат никаде, а постојано патуваат,
Можеби стварно не го сакам Скопје и октомври,
А ретко кога го гасам бољерот, цела среќа што измислија термостат, ама сметките се ужасни!
Во октомври!
Никогаш не го засакав!





2014-09-26

Понекогаш



Понекогаш грешиш со големите букви, незнаеш граматика, се вљубуваш во погрешни стихови, потпевнуваш рефрени, крадеш слики од интернет и ги објавуваш без да референцираш. 

Понекогаш перфектно добро завршуваш реченици, колата ти пали од прва, ти успева да ја засмееш, твоите дома немаат пржено подварок и ко за чудо не те сопира полиција. Понекогаш платата стигнува на први, и трае целиот месец, понекогаш тепаш на фудбал и не се расправаш со она педерче што стално клоца од позади...

Понекогаш фаќаш спортска, повеќето пати губиш, шљакаш кафе и 300 грама сончоглед затоа што е сабота и работната недела го земала подобриот дел од тебе. Понекад идеш у Грчка, понекад у Врање и се сликаш за на Фејсбук.

Понекогаш не пишуваш, затоа што не ти е до тоа, понекогаш пишуваш токму за тоа... Понекогаш влегуваш во базенот споро, некогаш со бомба од скокалница, некад го ладиш џоинтот, некад коа имаш поише си праиш бонг...

Некогаш вискито во 6 саат и не е толку битно дали е 12 или 15 годишно, ами човекот спроти тебе. Некогаш е добар пријател, понекогаш преубава девојка, некогаш штрб бездомник на автобуска во Плевен. 

Понекогаш се гушиш и мислиш дека е крајот и повторно се будиш и го проколнуваш утрото, понекогаш го сакаш денот кога на татко ти му текнало да ја части мајка ти пијачка...Понекогаш ја гледаш во задник колешката, некогаш во деколте, некад јадеш мекици, некад викаш со поише мајонез у Седмица, некад со марула.

И секогаш, ама баш секогаш се менуваш...




Ти си ми...




Ти си ми кога ти студи и ќе стапнеш на ладна плочка...

Два у кец си ми...

Ти си ми 300 за шипка, 55 за родео, 5 за ризла и 40 денара сончоглед,

Ти си ми Аеродром,

Ти си ми пичкин дим, ролетна заборавена у лето, кога те буди прво сонце!

Киднат аутобус пред нос, мамата у пичка!

Ти си ми каснење на извештај, грешка у пресметка со точен резултат.

Едно од оние талкања дома кога шуткаш камче.

Моторно кочење и мала гас, точно колку да не угаснам!

Ти си ми коа ти касни дилерот за Нова Година, кога фалшира пејачка у кафана и ја плескаш по цицки, ти си ми зајдисонце на плажа, целиот хоризонт и по некоја свеќа...

Ти си ми кога сум пун со шлајм пизда ти матерна!

Ти си ми најлесно промашен пенал, чисто за да изгубам.

Ти си ми исток и запад, шлаканица и по некоја Везилка,

Јебеш коа ти е роденден скроз си Февруар, а јас глупо куче!

Фамилијарен ручек си ми...




2014-06-20

Ви текнува?



Иџи коа не поукаше на фб и колку беше забавно едно недела дена? :)

Епа луѓе напраиле апликација за тоа, се вика Yo



Во основа апликацијата не прави ништо освен што праќаш некому ЈО... И е интересно едно 15 минути Јо, Јо, Јо дури си праќате со другарите. Во основа добра е за оние луѓе неќу да зборам на телефон али ве сакам бе луѓе и ве мислам!

И сеа си викате зашто чоеков пишува за ваква банална апликација? Епа ко за почеток да ме аднете на NECOVSKI како второ затоа што е интересно како бизнис концепт од аспект на праќање масовно на порака до твоите потрошувачи.

Имено замисли ти си дуќан во Скопје имаш нова машка гардероба ја сликаш, ја ставаш на сајт, на фб, пишуваш на твитер, ама за тоа треба да ги известиш корисниците? И тоа машките!
Епа доколку имаш Јо и си изградил база на корисници ќе може да пратиш масовен Јо провери што гардероба имаме за тебе. Секако ќе мора да е релевантно за да не те испоблокираат корисниците, за што апликацијата овозможува опција.

Нема врска сигурно ќе ни скурчи многу брзо али ај симнете ја and let's yo





2014-06-16

Ќе се напушам за Свети Јован



Текстот е римејк на веќе култниот Те напуштам за Свети Јован


Жените на големо разменуваа рецепти тие денови, а студентските станови мирисаа на струмички сканк. Овде и онде, по некој залутан беќар им даваше шат на уличните светилки. Ги криев своите џоинти тогаш, под дебелиот зимски капут, запечатувајќи ја крагната со чворот од шалот кој се уште мирисаше на хотбоксот од пред некој ден или барем така ми се чинеше. 

Горделиво наздравував со бившите љубови и се трудев ниту во најтемните ќошиња на зачадените локали да не му признаам на џоинтот дека проклето ми фалиш. Еј, не лути ми се, таква трева знае да направи плачковци и од најсилните меѓу нас. А јас не сум ни лудиот поет од што се напушив. Отсекогаш си го знаела тоа. Чајот од јаболко и цимет нема вкус без ресата од фасот помеѓу прстите. 

Нарачувам некад и планински со многу рум, да ми ги зацрвени образите и да ти напише порака наместо мене. Им лупам портокали на циганчињата и ги галам кучињата скитници. Пишувам двочинки со среќен крај, а третиот чин секогаш го дочекувам надуван. 

Уште една зима кротко врви без нас. Ги пееме истите песни на куќните слави и внимаваме да се надуваме и за Свети Никола. Чичко Петре се уште прави најбољи ебан џоинт за Бадник. До Свети Јован сум веќе уморен и прилегнувам во стариот кревет на баба ми. Те одложувам под перницата до следната зима. 





2014-06-13

Еј како бевме млади!




Со првото сонце бевме млади, со жмурка на топка дури му бегавме на сонот,
еј како бевме млади, со сите долги магарици и по некој срамежлив поглед.

Алек уште кога ја виде првиот пат рече: Панкерот!

А таа со косата небаре тенџерето дури ја стрижел татко и’ се заљубило и од срам и ја оставило плукната Џои Рамон.

Еј како бевме млади, одевме на англиски!

Панкерот ќе викнеа цело маало и сите ќе се стрчаа да ја видат, а многу бевме. 
Јас пак ќе фатев накај војската уџум накај мозокот, знаеш она големото дрво со некои чудни плодови што на некој начин ептен потсетуваа на нашите мозоци. Зелени и не толку големи!

И ќе седнев помнам и ќе си речев: Па вака ли се бркаат женски што мозок ќе беше!!!

Панкерот има дете. Понекогаш ми вика здраво понекогаш не. Се уште го тргам погледот кога ќе ја сретнам и го колнам мозокот што не е тука близу да побегнам кога ќе ја видам.

Не одам на англиски, а и одамна не сум ги слушал Рамонс. Се среќаваме на леб, на пазарче, на тенис кога игра мажот и’ знам испотен да излезам од некој тоифор избушавен во тоа косата.

А кој би знаел, можеби навистина некои луѓе остануваат засекогаш млади. А можеби има луѓе што те прават така да се чувстуваш засекогаш. 

И кога ќе ги најдеш... Кажи им, не биди дете!

Еј како бевме млади!!!






2014-06-05

2014-05-26

Сфатив






Мислам не се секирај навистина сфатив,
Твојата кожа која никогаш не го сакаше сонцето,
Твојот мирис кој никогаш не беше нималку доволен,
Сите оние ноќи кога се убедував дека утрото е поумно од денот,
Навистина сфатив,
Животот е рака песок и две ракчиња,
Одвратен недопечен стек и тоа во мала порција,
понекогаш пренасолен пилешки, помалку загорен,
Навистина сфатив,
Дека најтажната песна се пее на нос,
Сфатив дека има нешто повеќе од тоа да ми е здодевно,
Сфатив дека 5-ка е сега даблдекер,
Сфатив дека пивото тера на мочање што е добро за бубрези,
Понекогаш помислувам, па зарем е толку едноставно
И се насмевнувам дека сфатив,
И му се клештам на животот неповратно загубен,
Не жалам, а сепак пазам да не го погазам,
Затоа што можеби и сфатив,
Овој пат не те вратив...

И мечтаам дека ќе те сретнам, до толку што мечтата станува сомнеж,
И сфаќам дека се плашам и продолжувам со мојот копнеж,
И доволно е ми велат, нема да се врати,
Им велам ќе сфати, не е битно дали ќе се врати,
Па зарем е малку милион пати,
Твојата кожа која никогаш не го сакаше сонцето,
Градите послани врз езерото, небаре сите бисери,
Одлучиле својот бунт да го кренат токму денес,
Но јас сепак сфатив,
Те сакам и не ни мораш да се вратиш...





2014-05-22

Ај да напраиме некој да лапа Самсунг С5




Вака сега ЏаБест имаат акција Џабест Предизвик деталите тука

Мислам дека може да се договориме да најдеме еден наш другар/ка и да му помогне цела заедница да лапа телефон...

Ем другари, ем награди, ем као сплотеност...


Мој предлог каде да оди телефонот:



јер ЗТЕ

Други предлози ако има пишете у коментар ако се сложиме некој друг нема фрка со мене!!!

2014-05-09

„Пелистерка“ ќе го помага урбаниот велосипедизам со избор за дизајн и со поставување вело-паркинзи






Препознавајќи ја нагорната линија во која што стабилно се движи популарноста и користењето на велосипедите во урбани услови, особено кај помладата, но и кај останатата популација, компанијата одлучи да испрати отворен повик до креативците во Македонија со цел да се подобри вело-инфраструктурата

Инспирирајќи се од идеите дека е еден од најпрактичните, најеколошките и најздравите начини на превоз „Пелистерка“ реши да го поддржи и поттикне урбаниот велосипедизам преку избор за дизајн и поставување паркинзи низ Скопје за овие средства за транспорт. Препознавајќи ја нагорната линија во која што стабилно се движи нивната популарност и користењето, особено меѓу помладата, но и кај останатата популација, компанијата одлучи да испрати отворен повик до креативците во Македонија.

Тие ќе имаат прилика да го разубават градот со свои оригинални предлози, меѓутоа, и да создадат решенија чија употребна вредност велосипедистите секојдневно ќе можат да ја чувствуваат. Кон исчекорот во афирмацијата на овој вид превоз на претпријатието со 61-годишна историја се приклучија и неформалната група „На точак“, како и невладината организација „Еко-свест“, обете навистина активни на овој план изминативе години.


- „Пелистерка“ е бренд којшто повеќе од шест децении е постојано присутен во домовите на македонските граѓани, којшто особено ја цени приврзаноста што тие ја демонстрираат и затоа секогаш се обидува да возврати преку давање потпора во области кои што ним им се важни, без разлика дали тоа е забава, култура или, пак, спорт. Таква потреба за поткрепа почувствувавме дека постои на полето на велосипедизмот, поспецифично на планот на паркинзите, и затоа решивме да го отпочнеме овој проект со којшто ќе ја стартуваме нашата поширока кампања за засилување на урбаната енергија во земјава - истакнуваат од „Пелистерка“.

Целта на овој проект е решенијата што ќе пристигнат на конкурсот да се постават на повеќе локации, се разбира, во соработка со локалните и со градските институции. Неформалната група „На точак“ ќе изработи рута од неколку клучни точки каде што за тоа има најголема потреба. Тие, заедно со претставници на „Пелистерка“ и на „Еко-свест“, ќе ги изберат најдобрите дизајни, а во конечната селекција улога ќе имаат и јавноста, која што ќе може својот глас да го даде на социјалните мрежи. На авторите на првите три креации компанијата ќе им додели по еден велосипед од врвна класа.
- „На точак“ се залага за урбан велосипедизам, а покрај велосипедите и велосипедската инфраструктура, дел од него се и паркинзите за велосипеди пред институции, приватни компании, станбени згради, јавни површини. Ваквите потези се особено добредојдени, за пред сè, да ги охрабрат граѓаните да почнат да го користат велосипедот како превозно средство. Една од причините поради која граѓаните сè уште не се осмелуваат да возат велосипед е токму недостигот на места каде што ќе можат соодветно да ги паркираат велосипедите. Се надеваме дека оваа иницијатива на „Пелистерка“ ќе биде само поттик и други компании да почнат на секаков начин на којшто можат да инвестираат, да го помагаат и да го охрабруваат урбаниот велосипедизам во Скопје - велат од неформалната група „На точак“ која секоја последна среда во месецот вози „критична маса“ низ улиците на главниот град.

„Еко-свест“ е центар за истражување и информирање за животната средина што повеќе од седум години е ангажиран на темата „урбан транспорт“ и на изнаоѓањето алтернативни решенија кои се еколошки прифатливи.
- Скопје нема доволно паркинг места и инсталирани држачи за заклучување велосипеди, т.н. „улични канџи“, особено нема такви што се издвојуваат со карактер. Поголем број паркинзи придонесуваат кон полесно возење на градскиот велосипед, а дополнително на ова, со овие локации може да се придонесе работите да изгледаат помалку досадно. Настрана од фактот што решетките за паркинг можат да сместат повеќе велосипеди, праксата во градов покажува дека велосипедистите се снаоѓаат и на сите објекти од урбаната опрема ги заклучуваат своите велосипеди. И покрај тоа, ние знаеме дека од некаде треба да почне и од сé срце влегуваме во кампањата на „Пелистерка“ за изработка на решенија за градот Скопје - велат од „Еко-свест“.

Проектот во којшто „Пелистерка“, поддржана од „На точак“ и „Еко-свест“, ќе избере најдобар дизајн на паркинзи за велосипеди ќе се одвива во следните неколку недели. Конкурсот е целосно отворен, а сите заинтересирани треба своите решенија да ги испраќаат на е-маил адресата pr@newmoment.mk. Компанијата ги повикува учесниците да бидат максимално креативни и да се држат до упатствата кои ќе бидат поставени на Facebook-страницата на „Пелистерка“ - on.fb.me/1irjLKY





2014-04-29

Логоа на македонски бендови - апдејтед



Тргна рандом од еден пост на фејсбук од фотка од најнгег:

Познати светски бендови:

Илина искоментира дека би било добро да направиме вакво нешто и за македонски бендови и набрзо се престори во општонародна дизајнерска реденка и еден од најсмешни постови со коментари што сум ги постирал... Голема благодарност и честитки до екипата (@banekoma , @sokarovski , @kozlebozle , @chasework , @goran_man , неизбежниот @jocoska и уште еден момак Александар што не му го знам никот на твитер, што учествуваше во ова. 

Па погледнете ги дизајните!


Дарио и миг 21!
Лева патика
Архангел
Меморија - ако се прашуваш зошто види во коментари!
МИЗАР
Нокаут
Венко и Цапај
падот на Византија
Морал
Магија
Дуле и Коки
Гаро и Парамециум
Ластовица
ДНК
Конкорд
Паркети
Непознато :) 
Сара Мејс
Студени нозе
Кис ми
Ристо бомбата и кучешка тенија
Леб и сол
Силви бенд
Банкрот блуз бенд
Ристо Самарџиев
Непознато :)

Јас пола и повеќе не ги разбирам...
Ако ви текне некое плус праќајте слободно :)

Апдејт...



Трифун Костовски (ако не се лажам)
 Јоце Пановски :))))
Непознато :) могуче да е Пекиншка патка
Канго
Арчи
Браво бенд
Ареа
Јонче Христовски
Непознато :)
Ена Веко (комплицирано е не прашуј зашо)
Каролина а некои тврдат дека е и Калиопи битно некоја на К!
Нон стоп
Јаков Дренковски

Даниел Кајмаковски

Повторно Јаков овој пат со Миднајт Каубој
Џафер
Бадмингтонс!
Суперхикс!

XXL
Јужна пруга :)


Ако ги знаете другите пишете во коментари фала ви!!!



Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...